1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИЕсенско Лето

Есенско Лето

stock_trade_analysis

Фундаментална анализа за Ноември 2013 

Изминаа денови, недели, месеци… а финансиските пазари станаа некако имуни на се што се случува наоколу. Единствено под влијание на силниот наплив на ефтини пари берзите низ цел свет си продожија со својот “танц“ и ја покажаја својата сила. Насекаде скоро имаме раст. Посебно на најразвиените пазари. Америка, Јапонија, Германија забележаа супер високи вредности. Навистина парадоксално и дефинитивно нешто не е во ред !? Зошто !? Па… во исто време е и јагма за обврзници односно бележиме зголемени побарувања и намалени приноси !!?? Златото прво се предаде во вака збунувачката ситуација и веќе некое време е во “ренџ“ пазар и се колеба на каде да оди, па не оди никаде. Исто и инвеститорите. Најверојатно ова е последица на силните “допинг“ методи на централните банки. И после толку долго пумпање на ликвидност сме наводно сигурни дека кризата е зад нас но исто така сме и сигурн дека долго очекуваниот раст за жал го нема !? …  Дури, не само што тапкаме во место со податоците за економијата туку овој пат се случува нешто многу чудно ! Магичната стапка на инфлација од 2% која сите очајно сакаат да ја достигнат за официјално да прогласат раст почнува да станува мислена именка. Европа таман стигна до 1,7 кога последниот податок повторно не врати на 1,1%. Проблем ! Еврото наеднаш падна од 1.38 на 1.35. Сега кога Германија ја засили реториката дека е против користење на парите на европските (германските) даночни обврзници да се користат за подобрување на ликвидноста и покривање на лошите пасмани на банките, единствена алатка на ЕЦБ и нејзиниот шеф М.Драги е да ја намали каматната стапка од 0.5% на 0.25%. Да ! Почнаа шпекулациите помеѓу економските аналитичари дека ЕЦБ веке нема избор, и прашање е само дали сега или наредниот месец ке оди надолу со каматата заради поттикнување на раст на економијата. Доколку тоа се случи сега ( Четврток 7ми Ноември околу 14 часот) во тој случај ке видиме силна реакција на слабеење на еврото во однос на сите валути, а во однос на доларот можеби до 1.33. Но од друга страна доколку тоа не се случи можно е вредноста да се зголеми повторно на или над 1.38 но никако над 1.40. Дополнително во петок го очекуваме и бројот на незапослени во САД за кој аналитичарите сметаа дека нема да биде баш добар и како последица на тоа и дополнително продолжување на програмот за монетарно олеснување што секако не е добро за американскиот долар. Овие два исклучително важни настани битно ќе влијаат на движењето на еврото во однос на доларот но и на останатите пазари. Комбинациите односно реакциите би требало да се следниве:
1. Кратење на каматната стапка од страна на ЕЦБ и добар НФП од САД – пад на Еур/Усд, раст на берзи во Европа пад на берза во Америка, пад на злато (заради најавено кратење на монетарно олеснување условено од поготово од % на незапосленост)
2. Кратење на каматна стапка ЕЦБ (Четврток) и лош НФП од САД (Петок) – берзите ке ги задржат или зголемат постоечките нивоа заради наплив на ефтини пари, раст на цена на злато неутрално или мал пад на Еур/Усд, зголемена побарувачка на обврзници односно пад на принос
3. Нема кратење од ЕЦБ и добар НФП од САД – краток раст на Еур/Усд, можен  пад берзите, можен пад на злато
4. Нема кратење од ЕЦБ и лош НФП од САД – силен раст на Еур/Усд, пад на европски берзи, раст на злато
Изненадувачки добри и стабилни податоци во изминативе денови добивме од исток (Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Кина). Таму дефинитивно немаат криза. Единствен хроничен проблем со дефлација имаат во Јапонија но решително се борат со монетарни мерки па Јапонскиот Јен се држи под константен притисок и не му е “дозволено“ да зајакне. Австралискиот долар не би требало да има никаков проблем доколку нема влошување на економските состојби во Кина.
Подобрување на економијата има и во Британија па фунтата во последно време зајакна. Гувернерот даде до знаење дека внимателно ја следат состојбата и дека ако треба се спремни да интервенираат дополнително, но многумина сметаат дека е ова шпекулативна изјава што треба да ја заштити британската фунта од некакво нагло јакнење што би било сериозна опструкција за понатамошен раст на економијата. И како шлаг на торта дојде и шпекулативната најавата од некои аналитичари дека  Американскиот телекомуникациски гигант АТ&Т можно е делумно или во целост да го преземе Водафон. Се ова дава за право да веруваме дека фунтата има простор за дополнително зајакнување.
Како заклучок на крај само можеме да констатираме дека сите пазари некако стана имуни и инертни па во голема мера ги игнорираат сите случувања и на економски но и на политички план. Последен доказ за тоа беа случувањата во САД со недонесувањето на буџетот. Вербата во се е значително намалена а неодлучноста  и неизвесноста се зголемени. И, иако веке длабоко навлезени во есента, (време кога вообичаено пазарите се доста волатилни и трендовски настроени) сепак оваа година есента засега  е иста како и летото. Летаргично…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП