7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоyоtа го претстави новиот концепт автомобил на водород

Тоyоtа го претстави новиот концепт автомобил на водород

Toyota20Cell201

„Toyota“ ги објави првите компјутерски нацрти и технички детали на новиот концепт „FCV“, кој за погон ќе користи водородни горливи ќелии.

Производствениот модел кој „Toyota“ го најави за 2015-та година можеби ќе изгледа конвенционално, но најновиот концепт со својот дизајн и натаму „боде очи“. Впрочем, овој вид на автомобили и не се наменети да освојуват награди за дизајн, туку во авто-индустријата да воведат нова, чиста технологија.

Јапонскиот производител соопшти дека за дополнување на погонското гориво, во овој случај водородот, потребно е само три минути, по што автомобилот може да помине најмалку 500 километри.

Новиот концепт е опремен со два резервоари од 70 MPa за складирање на водородот под висок притисок, а погонската единица е во состојба да произведе 100 kW.

Toyota20Cell202

Концептот на „Toyotа – FCV“ е долг 4.870 mm, неговата ширина изнесува 1.810 mm, a висината 1.535 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.780 mm и може да биде удобно да превезе четири возрасни лица.

Компанијата објави и еден интересен податок, а тоа е дека овој автомобил со полн резервоар може да задоволи седумдневни потреби за електрична енергија на просечно јапонско домаќинство.

Новиот „FCV“ концепт ќе има премиера на салонот за автомобили во Токио на крајот на ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП