Срцевите заболувања се една од водечките причини за смрт во светот, но голем дел од ризикот може да се намали со менување на навиките на животниот стил.
Според една неодамнешна студија на Харвард, усвојувањето на една диетална навика може да го намали ризикот од коронарна срцева болест за 27 проценти, а кардиоваскуларни болести за 19 проценти.
„Повеќето од нас треба да почнат да ја менуваат исхраната кон протеини од растително потекло“, вели истражувачот за исхрана и дијабетес д-р Френк Ху за „Parade“.
Истражувачите анализирале податоци од 203.000 испитаници во текот на три децении, вклучувајќи навики во исхраната, медицинска историја и начин на живот. Субјектите со најголем внес на растителни и животински протеини (сооднос 1:1,3) имале значително помал ризик од срцеви заболувања.
Исто така, заменувањето на црвеното месо со протеини од растително потекло, како што се јаткастите плодови, го намали ризикот од мозочен удар.
Растителните протеини, како оние од мешунките и јаткастите плодови, содржат влакна, антиоксиданси, минерали и здрави масти. Комбинацијата на овие хранливи материи помага да се намали воспалението, да се регулира крвниот притисок и да се подобри липидниот профил.
„Преместувањето кон исхраната базирана на растенија значително го намалува ризикот од срцеви заболувања“, забележува кардиологот д-р Кимберли Скелдинг.
Целосното елиминирање на месото не е неопходно, но изборот на подобри извори е клучен за здравјето.
„Американската асоцијација за срце препорачува помалку од 170 грама црвено месо дневно. Ако јадете црвено месо, изберете го од животни одгледани на пасишта бидејќи има поповолен однос на омега-6 и омега-3 масти“, советува кардиологот д-р. Ју-Минг Ни, заклучувајќи дека е подобро да изберете пилешко, риба или растителни протеини.