28 март, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕОпасни состојки пронајдени во популарното „чоколадото од Дубаи“!

Опасни состојки пронајдени во популарното „чоколадото од Дубаи“!

Трендот „чоколадо од Дубаи“ го зафати светот, но сега неговите состојки станаа сомнителни.

Според истражувањето од Германија, популарното „чоколадо од Дубаи“ може да биде опасно по здравјето.

Примероците од популарната „чоколада од Дубаи“, увезени во Германија, беа откриени дека содржат многу штетни состојки, објави во четвртокот Министерството за потрошувачи на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измами до опасности по здравјето, речиси сè беше откриено во првите тестови на увезената чоколада од Дубаи“, рече министерот за заштита на потрошувачите во Баден-Виртемберг, Петер Хаук.

Во сите осум испитувања што ги испитуваше провинциската канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања, беа пронајдени загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.

Тестираните Дубаи чоколади се производи и увезени од Обединетите Арапски Емирати и Турција.

Кај некои чоколади, иако не е наведено на амбалажата, пронајден е сусам, а во некои и палмино масло, кое исто така не било декларирано како состојка на чоколадото. Според анализата, чоколадата од Обединетите Арапски Емирати била контаминирана за време на производствениот процес до степен до кој не е погодна за човечка исхрана.

Кај сите чоколади е пронајдено зголемено количество на вештачки бои кои „предлагаат поголем процент на квалитетни состојки од вистинските“, т.е. крем од ф’стаци. Чоколадото од Дубаи во последните месеци е голем хит во бија, исто како и во Германија, каде овој деликатес е еден од најпопуларните производи на божиќните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП