21 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДали спиењето со мобилен покрај креветот е штетно за здравјето?

Дали спиењето со мобилен покрај креветот е штетно за здравјето?

Мобилните телефони се во нашите животи секој ден, во нашите раце преку ден, а повеќето луѓе ги држат мобилните блиску до себе дури и додека спијат. Дали е штетно за здравјето?

д-р. Неха Нарула од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд верува дека зрачењето не е причина за загриженост кога се во прашање мобилните телефони, дури и ако спиете покрај нив.

„Во моментов нема докази за поддршка на тврдењето дека зрачењето од мобилните телефони или таблетите влијае на нашето здравје на долг рок“, изјави Нарула за Yahoo Life. Таа објасни дека зрачењето кое го испуштаат мобилните телефони е т.н „нејонизирачки“ и различно од зрачењето за кое знаеме дека може да ја оштети ДНК.

„Зрачењето од мобилните телефони, микробрановите печки и слични уреди не покажува докази за долгорочни негативни здравствени ефекти“, рече Нарула. Но, Меѓународната агенција за истражување на ракот истакнува дека нема цврсти докази дека тој не е штетен.

Како користењето мобилен телефон влијае на спиењето?

Спиењето покрај мобилен телефон може да влијае на квалитетот на сонот бидејќи поттикнува користење непосредно пред спиење. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ги користат своите мобилни телефони пред спиење имаат поголема веројатност да имаат послаб сон во споредба со оние кои ги оставаат час или два порано.

Светлото на мобилниот телефон дополнително го нарушува деноноќниот ритам и го намалува производството на мелатонин, хормонот кој не заспива. Намалувањето на мелатонин негативно влијае на фазата на РЕМ спиење, која е клучна за емоциите и сеќавањата, а може да го зголеми стресот и да доведе до здравствени проблеми.

Дали сите треба да ги остават мобилните телефони пред спиење?

д-р. Рафаел Пелајо, професор по медицина на спиење на Универзитетот Стенфорд, вели дека близината на мобилните телефони за време на спиењето може да има различни ефекти, во зависност од личноста. Луѓето со хронична несоница, на пример, може да бидат премногу разбудени од мобилните телефони, што го влошува нивниот сон. д-р. Пелајо исто така наведува дека мобилниот телефон може да влијае на сонот дури и ако очекувате повик ноќе. Но, во некои ситуации, мобилниот телефон може да обезбеди чувство на сигурност, особено ако живеете сами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП