16 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНевролог предупредува дека една вообичаена навика може да предизвика деменција

Невролог предупредува дека една вообичаена навика може да предизвика деменција

Развивањето здрави навики е од клучно значење за благосостојбата на мозокот и општото здравје, вели неврологот др. Јасмин Дао.

„Добрите навики можат да го зачуваат здравјето на мозокот, додека лошите навики, логично, може да имаат негативно влијание врз здравјето и квалитетот на животот“, изјави таа за Парад. Една од најштетните навики за мозокот е претераното гледање во екранот, но постојат практични начини да го намалите времето поминато пред екранот и да воведете поздрави рутини.

„Престанете да зјапате во екраните“, предупредува др. Дао. Прекумерното гледање на екранот предизвикува зголемено лачење на допамин во мозокот, создавајќи чувство на задоволство што може да доведе до зависност.

„Истражувањата покажуваат дека вишокот време поминато пред екранот кај младите луѓе може да го зголеми ризикот од невродегенеративни болести, како што се деменција, мозочен удар или Паркинсонова болест“, додава неврологот. Исто така, светлото на екранот го нарушува спиењето со тоа што влијае на деноноќниот ритам и ослободувањето на мелатонин.

д-р. Дао препорачува едноставни чекори за намалување на користењето на екранот: „Во првите 30 минути по будењето, избегнувајте мобилни телефони и посветете се на вежбање, медитација или читање“. Исто така, можеме да воведеме кратки паузи од екранот во текот на денот. Освен тоа, исклучување на нотификациите може да ни помогне полесно да се оддалечиме од уредот.

Помалку време пред екранот ослободува простор за активности кои го подобруваат здравјето на мозокот.

„На мозокот, како и на мускулите, му треба вежбање за да ги подобри функциите и меморијата. Затоа препорачувам редовна физичка активност, квалитетен сон, решавање загатки и учење нови вештини со цел зајакнување на когнитивните способности и зачувување на здравјето на мозокот“, заклучи др. Дао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП