27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес R класа ќе добие наследник

Мерцедес R класа ќе добие наследник

r klass

Иако „R“ класа доживеа неуспех, според информациите кои пристигнуваат од Мерцедес, германскиот производител планира наследник на овој модел.

Ако за некои модели на Мерцедес во последните десетина години може да се каже дека биле големо промашување, тоа со сигурност е „R“ класа. Луксузниот „MPV“ беше лансиран во 2005-та. Првично беше планирано годишно да се произведуваат околу 50.000 автомобили, од кои половината би биле пласирани на пазарот во САД, но продажбата значително потфрли.

Меѓутоа, Мерцедес не се откажува од концептот на луксузно мултифункционално возило. Според информациите, наследникот на „R“ класа е веќе во подготовка и ќе биде заснован на новата „E“ класа. Сличен на актуелната „R“ класа, идниот модел ќе биде долг околу 5 метри, додека меѓуосовинското растојание ќе изнесува 3 метри. Условно наречен „Sport Cruiser“, новиот модел ќе превземе елементи од дизајнот од „B“ и „E“ класите, но и од Мерцедес „CLS Shooting Brake“.

Флексибилната кабина овозможува сместување до седум лица. На возачот ќе му биде достапен најсовремениот електронски систем за асистенција на Мерцедес, а меѓу дополнителната опрема е предвиден и стаклен панорамски покрив. Се очекува наследникот на „R“ класата да се придвижува на бензинските и дизел V6 мотори, како и 4.0 литарски V8 бензинец. Во склад со актуелната стратегија на Мерцедес, планирани се верзии и со хибриден погон, кои покрај електромоторите би користеле и 2.0 и 3.0 литарски бензински агрегати.

Според плановите на Мерцедес, „Sport Cruiser“ би требало да биде претставен една година по лансирањето на новата „Е“ класа, па овој автомобил во продажба би можел да се очекува до крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП