4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 05.11.2013

Техничка анализа EUR/USD 05.11.2013

ppppp

Оваа недела сите инвеститори се фокусирани кон европската валута бидејки следи ултра важна одлука за одредување на каматната стапка од европската централна банка.

Во минатата недела кај валутниот пар EUR/USD проследивме оштар пад и консолидација на цената со засилен моментум, за само 5 дена од највисокиот врв 1,3830 до1,3440 од каде се врати до нивото на акција на цена (Price action level) 1,3490.

Причина за овој моментален пад на еврото во однос на доларот но и спрема другите валути е еден битен економски показател, а тоа е значителниот пад на стапката на инфлација во еврозоната, што директно може да влијае врз одлуката за евентуално намалување на каматната стапка.

Овој четврток во 13:45 часот е моментот на одлуката, иако аналитичарите предвидуваат дека каматната стапка нема да се промени и ќе остане на истото ниво од 0,5%, овој пат постојат теоретски шанси да се намали или доколку остане истата после тоа следи прес конференцијата на претседателот Марио Драги кој може овој факт да го истакне пред јавноста, што би предизвикало општа паника кај инвеститорите и голема продажба на еврото.

Но доколку се остане како што е и не се напоменат овие статистики, тогаш цената на еврото ќе остане во горната зона и повторно ќе проследиме засилен раст.

Ни преостануваат уште полни 2 дена до оваа важна објава, притоа наш предлог е да се тргува помеѓу зоните кои може да ги разгледате на графичкиот приказ, со веројатност доколку цената падне под 1,3480 да достигне до најниското ниво за последните 3-4 недели на цена 1,3350, што претставува и цена на акција и воедно се поклопува со фибоначиевото ниво од 127%.

Доколку цената остане над предвидената од нашата претходна анализа 1,3490, тогаш постои веројатност дека ќе проследиме повторен скок до нивото од 50% или цена 1,3650, а поттикната со евентуалните добри економски податоци најверојатно и повторно до највисокиот врв 1,3830.

eurusd

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП