13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2013 година

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2013 година

sobranie

Собранието на Република Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.

Поддршка доби од 58 пратеници. СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс и дека нема да го
поддржи.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Буџетот за 2013 година се реализираше како што е ветено.

Во образложението, минатата недела, рече дека прецизно и навремено се исплаќаа обврските кон стопанството, граѓаните и кон сите оние кои треба да добијат средства од Буџетот.

Опозицијата не го поддржа предложениот ребаланс и не поднесе амандмани на текстот.

Во денешната расправа повторија дека тој е донесен на недемократски начин, дека се носи за да се зголеми задолжувањето на државата од планираните 60 милиони на 160 милиони евра.

Собранието по предложниот ребаланс расправаше три дена.

Во рамки на денешното продолжение на седницата пратениците ја почнаа расправата по предложените измени на Законот за генетски модифицирани организми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП