ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

berza

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(28.10 – 01.11.2013)

 

 

 

Зад нас е уште една недела во која практично и нема што да се одбележи кога е во прашање тргувањето на Македонската берза. Прометот закован на ниски маргини изминатата недела достигна само 17,3 милиони денари на сите пазари (или 3,5 милиони денари просечен дневен промет), што секако води кон еден единствен заклучок, дека ликвидноста е падната на најдолните можни граници. А на нискиот промет се надодаде и неделниот пад на вредноста на МБИ-10 индексот за нови -0,14%, што ја надополни негативната слика за случувањата на берзата.

Прометот, таков каков што е, беше концентриран повторно во трите „најликвидни“ акции со кои се тргува на Македонската берза. Алкалоид Скопје имаше неделен промет од 6,3 милиони денари, Комерцијална банка Скопје од 3 милиони денари, а Македонски телеком Скопје од 1,2 милиони денари. Прометот со обврзниците од денационализација беше помал од вообичаеното и достигна 2,7 милиони денари. За одбележување секако беше јавната берзанска аукција во организација на НБРМ, на која во четвртокот се продадоа 3 пакети од акциите на Стопанска банка АД Битола по цена од 1.484 денари за акција. Вкупната вредност по пакет беше 31,35 милиони денари (или 94,06 милиони денари за трите пакети), а се истргуваа 16,21% од вкупниот број на акции. Во текот на минатата недела, а и во оваа недела компаниите се во фаза на објавување на финансиските резултати за работењето во третиот квартал, што секако ќе го привлече вниманието на инвеститорската јавност кога се во прашање анализите и компарациите, а поучени од искуството некој позначителен feedback врз движењето на цените на акциите на берзата не е за очекување (освен кај оние кои ќе презентираат исклучително негативни резултати).

Движењата на регионалните и на светксите индекси во изминатата недела е даден во следната табела:

 

ИндексЗемјаНеделна промена
SBI10Словенија

+1,01%

CrobexХрватска

+0,12%

BelexСрбија

+0,11%

SofixБугарија

-1,06%

DOW JONESСАД

+0,30%

NASDAQСАД

-0,46%

S&P 500САД

-0,03%

DAXГерманија

+0,33%

FTSE 100Велика Британија

+0,13%

CAC 40Франицја

+0,51%

NIKKEI 225Јапонија

-1,35%

HANG-SENGКина

+1,94%

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП