3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа бизнисот во Британија му е потребна ЕУ

На бизнисот во Британија му е потребна ЕУ

*

Бизнисот во Велика Британија, секако дека сака да остане во Европската унија, соопштија експертите на Конфедерацијата на британската индустрија (ЦБИ).

Конечно, британскиот деловен свет верува дека е подобро да остане во ЕУ и да ја реформира одвнaтре, изјави генералниот директор на „ЦБИ“, Џон Криланд. Според неговите зборови, членството во ЕУ вреди 3,000 фунти за секое британско домаќинство.

На годишната конференција на групата, која ќе се одржи денес, Криланд на членовите ќе им ги соопшти резултатите од извештајот на ЦБИ, според кои користа од останувањето во ЕУ е значително поголема од трошоците.

Британскиот бизнис е прагматичен и реалистичен, половина од нашиот извоз се однесува на ЕУ. На нас ни е потребен единствен пазар, а на бизнисот во Британија му е потребна ЕУ, заклучи Криланд, пренесува агенција АФП.

Владата на Велика Британија сака да преговара за нов договор со Европската унија, а официјален Лондон споменуваше и референдум за односите со Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП