22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските компании и натаму се повлекуваат од забавената кинеска економија

Странските компании и натаму се повлекуваат од забавената кинеска економија

Странските компании извлекоа повеќе пари од Кина во последниот квартал, што е знак дека некои инвеститори сѐ уште се песимисти иако Пекинг воведува стимулативни мерки насочени кон стабилизирање на растот.

Обврските за директни инвестиции на Кина во платниот биланс се намалија за 8,1 милијарди долари во третиот квартал, покажуваат податоците на Државната управа за девизи објавени кон крајот на минатата недела. Индикаторот, кој ги мери странските директни инвестиции во Кина, падна за речиси 13 милијарди долари за првите девет месеци од годинава, истакнуваат и тие.

Странските инвестиции во Кина достигнаа рекорд во 2021-ва година, но паѓаат под притисок на геополитичките тензии, песимизмот за втората по големина економија во светот и посилната конкуренција од кинеските домашни фирми во индустриите како што е автомобилската индустрија. Доколку падот продолжи до крајот на годината, тоа би било прв годишен нето-одлив на странски директни инвестиции најмалку од 1990-та година од кога почнуваат да се даваат споредливи податоци.

Меѓу компаниите кои повлекоа дел од нивните операции во Кина оваа година се производителите на автомобили „Nissan“ и „Volkswagen“, како и други како „Konica Minolta“. Нипон Стил Корп. рече во јули дека излегува од заедничко вложување во Кина и „International Business Machines“ (IBM) затвора тим за истражување на хардвер во земјата, одлука која влијае на околу 1.000 вработени.

Изгледите за проширување на трговската војна и влошување на односите со Пекинг за време на вториот мандат на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дополнително би можеле да влијаат на инвестициите. „Геополитичките тензии“ се најголемата грижа за членовите на Американската стопанска комора во Шангај, според претседателот на групата Алан Габор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП