14 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајздравата морска риба во светот, преполна со хранливи материи! Вистинско богатство за...

Најздравата морска риба во светот, преполна со хранливи материи! Вистинско богатство за организмот

Скушата се смета за најздрава риба во светот, бидејќи има многу повеќе хранливи материи од другите видови риби.

Скушата е поевтина од лососот и прави чуда за вашето тело. Многумина не размислуваат за сите благодети што скушата му ги дава на организмот, туку ја консумираат првенствено поради својот вкус.

Богата е со висококвалитетни протеини и здрави масти. Посебно е добра скушата која се лови во зимските месеци во северните предели.

Стандардната количина на маснотии во скушата е 13 грама, што е доволно за да се класифицира како еден од помасните видови риби, а содржи во просек 18 грама протеини, кои телото ги апсорбира три пати побрзо од протеините од месото.

Скушата има релативно ниска калориска вредност, а незаситените масни киселини присутни во скушата делуваат како моќни антиоксиданти, ги зајакнуваат клеточните мембрани и помагаат во борбата против слободните радикали, со што се намалува ризикот од многу болести.

Скушата се смета за една од најхранливите риби. Таа е одличен извор на протеини, витамини Б2, Б3, Б6 и Б12 и витамин Д. Месото од скуша е полно со минерали како бакар, селен и јод, а содржи и одредени количини на железо и витамин Б1.

Скушата е еден од најдобрите извори на омега-3 – добри масти кои го одржуваат срцето и мозокот здрави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП