13 декември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСледната декада бројот на основци ќе се намали за 30 илјади!

Следната декада бројот на основци ќе се намали за 30 илјади!

Здружението за истражување и анализи објави студија од областа на образованието. Податоците и наодите кои се добиени покажуваат актуелни состојби и очекувања за периодот што следи.

Истражувањана на здружението освен бројот на ученици и наставници покажува и во колку и во какви училишта посетуваат настава учениците од земјава. Исто така посветено е и внимание на инвестициите кои се прават во секторот образование.

Во истражувањето на ЗМАИ може да се забележи дека 87% од учениците одат во 339 централни училишта, 13% од учениците учат во 610 подрачни училишта 43% од паралелките во подрачните училишта се комбинирани паралелки и тоа од I-III одделение и од IV-V одделение. Она што секако загрижува и е веќе познат податок е намалувањето на бројот на ученици, тренд што се случува секоја година во Македонија. Имено наодите на ЗМАИ покажуваат дека за 12 години, бројот на ученици ќе се намали за 30.000.

„Доколку не се преземат потребните мерки,училишната мрежа ќе биде уште подалеку од оптималното ниво. За 2 децении, соодносот ученик – наставник се намали од 18 на 9,7. Исто така, 92% од блок дотациите за основно образование одат за плати“, стои во анализата на ЗМАИ.

Во меѓувреме нискиот сооднос ученик-наставник доведува до создавање на паралелки со мала големина. Само 23% од општините го исполнуваат законскиот услов да имаат паралелки од најмалку 20 ученици. Податоците велат дека повеќето општини имаат просечна големина на паралелки меѓу 11 и 15 ученици.

Според анкетата која е спроведена со општините, ставот на локалните самоуправи е дека има недоволен блок дотации Страв дека оптимизацијата може да доведе до „изумирање од селата.

Директорите на училиштата пак сметаат дека расте просечната старост на наставниците. Но, и дека има недостаток на наставници по ИКТ, математика, природни науки. Многу подрачни училишта со < 50 ученици немаат добра инфраструктура, опрема и помагала за учење.

Ставот пак на наставниците е дека има недоволно финансирање за професионален развој патувањето до подрачните училишта бара дополнително време и трошоци. Потоа дека постојат предизвици и за предавање во комбинирани паралелки.

Од друга страна пак, ставот на учениците и родителите е дека претпочитуваат поголеми паралелки, поради подобра социјализација. Но не сакаат комбинирани паралелки. Несоодветна училишна инфраструктура и опрема. Родителите и учениците истакнале дека сакаат повеќе воннаставни активности.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП