1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на осигурувањето во Македонија

Ден на осигурувањето во Македонија

osiguranje

По повод Денот на осигурувањето денеска Агенцијата за супервизија на осигурување ќе одржи свеченост, а Националното биро за осигурување ја организира Петтата меѓународна конференција , „Предизвици на
осигурителната индустрија во Република Македонија“.

На свеченоста ќе се обратат заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски и претседателот на Управниот одбор на Национално биро за осигурување Зоран Нарашанов.

Во рамки на манифестацијата предвидено е доделување на Плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година, како и доделување на Уверенија за положен стручен испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП