27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија од ЕУ ќе добие 600 милиони евра, а ако беше членка...

Македонија од ЕУ ќе добие 600 милиони евра, а ако беше членка 3,7 милијарди

mk-eu

Според пресметките на Европската комисија, ако Македонија е дел од ЕУ, во периодот од 2014 до 2020 година би добила 3,7 милијарди евра помош, додека сега со новиот Инструмент за предпристапна помош (ИПА-2) ќе и бидат достапни 595 милиони евра во следните седум години, јавува дописникот на МИА од Брисел Oсвен што би добиле 3,7 милијарди евра, како членка на ЕУ, Македонија би морала да уплати средства во буџетот на ЕУ во висина од 739 милиони евра.

Значи, разликата е дека ако нашата држава е членка на Унијата, во следните седум години би имала нето-бенефит од Брисел во висина од 2,3 милијарди евра.

Споредено со 595-те милиони евра што ќе ги добиеме со ИПА-2 фондовите, тоа значи дека Грција со блокадите и држењето на Македонија надвор од “големото европско друштво” успеала да спречи околу 1,7 милијарди евра да влезат во македонскиот буџет во следните седум години од Брисел!

Овие податоци велат дека Македонија досега од ИПА последниве години имала на располагање во просек по 85 до 90 милиони евра годишно, со тоа што на почетокот во 2007 година ни биле достапни 56 милиони евра, а годинава преку 110 милиони евра, но државата не искористила доволно за целиот седумгoдишен период од овие средства, односно само околу третина.

Затоа, со новиот ИПА-2 систем за помош од Унијата, Македонија ќе добива по фиксни 85 милиони евра секоја година или вкупно 595 милиони евра.

Единствен ќар, ако така може да се каже, од грчките блокади на македонските евроинтеграции е тоа што земјата не влегува во втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА), потпишан уште во далечната 2001 година.

Тоа и експлицитно беше забележано во последнио извештај на Еврокомисијата за нашата земја, посебно што на 1 април 2014 година истекуваат десетте години што се максимум кога една земја треба да го заокружи процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Според овој договор, Македонија многу би загубила ако влезе во втора фаза, а се однесува на делот каде ЕУ ги признава квалификациите на македонските граѓани, по што тие ќе може да почнат да отвораат бизниси надвор од државата, т.е. во земјите-членки на Унијата.

Тоа е опасност Македонија да ја напуштат квалитетни доктори, стоматолози, инженери и би побегнале најдобрите професионалци поради активација на договорот за слободно движење.

Втор договор што ќе се активира во случај на македонски премин во втората фаза на ССА е слободно движење на капитал, што во моментов го нема ЕУ и што е интересно, како големи инвеститори во Македонија, не им одговара на грчките бизниси, оти така полесно ќе ги спроведуваат трансакциите на нивните фирми во нашата земја, но и поркај тоа, нивната матица Грција не блокира.

Со оглед на сензитивноста на овие информации, никој во Европската унија не сака официјално да коментира за истите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП