16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАстра за 2015-та ќе се прави според концептот Моnza

Астра за 2015-та ќе се прави според концептот Моnza

astraa

Следната генерација на моделот Астра ќе биде претставена во 2015-та година. Според најновите информации, компактниот автомобил на Опел ќе превземе некои стилски елементи од концептот „Моnza“ кој беше прикажан во Франкфурт.

Концептните возила и дизајнерските студии кои производителите на автомобили ги прикажуваат на авто-саемите обично не се развиваат целосно во производствената верзија. Меѓутоа, нивната улога е значајна, затоа што со нив се најавува дизајнерскиот правец кој одредената компанија го планира за идните сериски модели.

Па така, се очекува сега концептот „Моnza“ да послужи како еталон за некои дизајнерски решенија за идната Астра. Новата генерација на Астра се очекува да добие поголема маска на ладилникот со украсна лајсна која ќе биде во облик на крила и јаже, како и трапезоидни фарови.

Предниот браник ќе биде значително редизајниран и ќе има поголеми отвори за воздух, па така идната Астра ќе има поагресивен изглед во однос на актуелниот модел.

За прв пат во историјата на овој модел, Астра ќе се произведува надвор од Германија. Опел и „Vauxhall“ најавија дека следната генерација на ова возило ќе се изработува во погоните во Полска и Велика Британија. Планирани се инвестиции во висина од 300 милиони евра за да можат да се прилагодат фабриките во овие земји за производството на новата Астра.

Опел веќе започна со обнова на погонските и преносните системи. Па така во новата Астра ќе се најдат и најмоќните 1.6 литарски „turbo“ бензински и дизел агрегати, а до претставувањето на новиот модел треба да се очекуваат уште неколку нови мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП