Од владата велат дека преку системско решение ќе го унапредат дуалното образование во Македонија. Властите велат дека ја гледаат реалната потреба од работоспособно население, особено во делот на услужниот сектор и останти дејности за кои се потребни посебни вештини. Бизнис секторот веќе подолг период е во мака како да ги задржи младите, но и квалификуваните работници во македонските компании. Но проблемите се поголеми од година во година бидејќи повеќе не е во прашање висината на платите, туку квалитетот на живот кој го добиваат македонските граѓани во земјава.
Стручните средни училишта треба да бидат иднината на нашите деца. Преку дуалното образование, младите луѓе ќе имаат сигурна работа и просперитет кој ќе гарантира стабилна заработка и успешен бизнис. Од владата велат дека преку ситемски решенија ќе се надополнуваат дупките во пазарот на труд. Младите се повеќе ќе се насочуваат кон стручните дејности, а изборот ќе биде едноставен. Подобро да се остане во земјава и да се реализира како успешен човек, отколку во странство кој ќе работи за туѓа економија далеку од своите најблиски.
„Концептот опфаќа работа во компаниите, односно на работното место што значи дека бизнис секторот станува наш партнер, што ние навистина, многу му благодариме. Со заеднички сили успеваме да го смениме мислењето, дека средното стручно образование, нема иднина или можеби е помалку вредно од гимназијата. Годинава имаме 12 илјади ученици запишани во средно стручно образование, имаме 62 училишта за дуално образование, од кои во прва година имаме запишано четири илјади ученици што навистина се импозантни бројки“, велат од владата.
Најголемиот дел од компаниите кои се вклучени во дуалното образование се членки на Стопанската комора. Оваа идеа започна пред 15 години кога започна да се чувствува недостатокот на работен кадар во државата. И ваквите состојби кои ги има сега дуалното образование се само потврда дека сме биле на вистинскиот пат, велат бизнисмените.
„Ако имавме ситуација пред 15 години кога стручното образование не беше атртактивно, сега децата сакаат да бидат дел од техничките училишта. Порано тоа беше срамота за семејството, тоа беше стигма дека детето не сака да учи во гимназија, денеска тоа е поинаку. Денеска имаме голем притисок за во средните училишта. Ова што се случува е навистина чудо и сакаме да продолжи така. И само така ќе го стопираме одливот на работна сила од државата.“
Но, освен во дуалното потребни се инвестиции и во формалното образование, децидни се бизнисмените. Од Сојузот на стопански комори пак велат дека македонската економија неможе да оди напред ако не вложуваме во образованието. Од ова бизнис здужение велат дека ако сакаме да се приближиме кон развиените земји, потребно е да го удвоиме нашиот бруто-домашен производ. И тоа, за 10 години, да постигнеме раст од најмалку 7% годишно.
„Образованието треба да создаде кадри со знаења, аналитички способности, одговорност, изградени процедури за прифаќање нови знаења и други позитивни карактеристики кои ќе овозможат иновации и просперитет во компаниите. Ако не создава такви кадри образованието кај нас, тоа ќе биде оставено на компаниите. Тие ќе треба да ги дообразуваат во поголема мерка вработените, а компаниите не се специјализирани за образование, тие имаат друга дејност. Колку е послабо формалното образование, толку повеќе работа во едуцирање на своите кадри им се остава на компаниите. Поради тоа, нивните перформанси и продуктивност нема да бидат компетитивни споредено со компании кои доаѓаат од средини со подобро образование. Не дека компаниите не треба да вложуваат во развој и во едукација на своите вработени, но формалното образование треба да ги донесе и средношколците и академските граѓани до далеку повисоко ниво од тоа што е денес“, велат од Сојузот на стопански комори
Во меѓувреме невработеноста кај младите и натаму е на високи ниво. Околку 30 отстго од младите до 29 години се водат како невработѕени, тоа значи дека секој трет млад човек го издржуваат неговите родители. Во исто време на пазарот на труд недостасуваат 15 илјади работници.
И.П