25 јуни, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААко го полните телефонот на јавно место, користете „USB кондом“

Ако го полните телефонот на јавно место, користете „USB кондом“

Летните одмори и патувањата честопати нè принудуваат да ги полниме нашите паметни телефони на јавни „USB“ полначи, но оваа навика може да ги загрози вашите приватни податоци.

Експертите од „Kaspersky“ предупредуваат дека полнењето на вашиот мобилен телефон на непознати „USB“ порти може да доведе до кражба на фотографии, документи, па дури и до целосно бришење на податоци од уредот. Овој тип на напад е познат како „juice-jacking“ и за првпат е регистриран во 2011-та година.

Нападот функционира така што крие компјутер зад навидум обичен полнач кој го користи „USB“ протоколот за пристап до уредот и може да пристапи до содржината на вашиот телефон преку „Media Transfer Protocol“ (MTP) или „Picture Transfer Protocol“ (PTP).

Иако „Apple“ и „Google“ веќе воведоа мерки за заштита, како што е барање потврда за пренос на податоци, истражувачите открија нова закана во 2025-та година – „ChoiceJacking“.

Овој софистициран метод му овозможува на злонамерен уред самиот да ги потврди преносите на податоци, заобиколувајќи го овластувањето на корисникот. Иако „iOS/iPadOS 18.4“ и „Android 15“ додадоа дополнителна заштита преку задолжителна лозинка или биометрија, некои уреди, како што се телефоните „Samsung“ со интерфејсот „One UI 7“, сè уште не обезбедуваат целосна безбедност, дури и по ажурирањето.

Како да се заштитите?

– Користете само полнач или „power bank“.

– Инвестирајте во „USB“ блокатор на податоци – познат и како „USB кондом“ – кој пренесува само електрична енергија, а не податоци.

– Користете „USB“ кабел кој не поддржува пренос на податоци.

– Редовно ажурирајте го оперативниот систем на вашиот телефон.

– Ако мора да користите јавен полнач, внимателно следете го екранот, секогаш изберете ја опцијата „само полнење“.

Ако безбедноста на податоците ви е важна, експертите советуваат: подобро е да го исклучите вашиот уред отколку да ризикувате кражба на лични информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар