4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ поддржува продолжување на породилното

ССМ поддржува продолжување на породилното

ssm

Можноста мајката да го продолжи породилното боледување со три месеци неплатено отсуство, за која размислува Владата, според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Живко Митревски е унапредување на правата на жената работник.

– За разлика од она што се случува во другите држави, каде породилното отсуство се намалува и на шест месеци, ние имаме еден тренд на обезбедување дополнителни права кои ќе го заштитат мајчинството и побезбеден живот на децата, изјави на денешната прес-конференција Митревски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека покрај тоа што се дава можност работодавачот по барање на жената да и дозволи дополнително неплатено породилно остсуство во траење од три месеци и договорот со Министерството за здравство за тоа време да и се плаќаат здравствените придонеси, исто така, работодавачот е обврзан да го зачува тоа работно место во компаниијата во која работела работничката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП