Во Кина, „Huawei“ ги претстави најновите иновации во следењето на здравствените параметри – „Huawei TruSense System“.
Според „Huawei“, овој иновативен систем има за цел да донесе точна технологија за следење на здравјето и фитнесот до сите корисници.
„’Huawei TruSense’ претставува револуција за нас во технологијата на сензори за здравје и фитнес и ќе нè стави на чело на технолошкиот развој во оваа сфера. Овој напредок во дигиталното здравје дополнително ќе им помогне на корисниците во нивната потрага по поздрав начин на живот“, рече Рико Џанг претседател на производната линија на „Huawei“ за здравје.
Кога станува збор за хардверот, новиот супер-сензорски модул на „Huawei“ се одликува со дизајн на оптичка патека со повеќе региони што ја изедначува дистрибуцијата на сигналот за да се надминат предизвиците на нерамномерната дистрибуција на крвните садови додека се добиваат отчитувања во различни сценарија. Дополнително, новиот сензор има архитектура на оптичка патека со повеќе празнини, дизајнирана да нуди попрецизни резултати од мерењето.
Покрај прецизноста, „Huawei“ сака да го намали времето на мерење без да ја загрози точноста. На пример, мерењата на „SpO2“ сега траат помалку од 15 секунди, што е намалување за речиси 10 секунди во споредба со сензорите од сегашната генерација.
„Huawei TruSense“ може да измери повеќе од 60 индикатори за здравје и фитнес кои покриваат шест главни системи на телото. За поголем душевен мир, точноста на основните индикатори како што се срцевиот ритам, „SpO2“ и крвниот притисок е потврдена од авторитетни индустриски тела ширум светот.
„Huawei“ стави многу акцент на потребата за следење на крвниот притисок. Во моментов, амбулантски мониторинг на крвниот притисок (ABPM) кој може постојано да го мери крвниот притисок често доаѓа во обемни форми кои не се практични за секојдневна употреба. Според изгледот, ABPM може да биде една од главните области на фокус на „Huawei“ за неговите претстојни производи.
Новите уреди за носење на „Huawei“, со технологија „TruSense“, ќе бидат претставени во текот на септември.