Лекарите се согласуваат дека оревите се преполни со придобивки, но тие не се за секого. Одредена група на луѓе треба да ги избегнува.
Тие забележуваат дека оревите се богати со алфа-линоленска киселина (ALA), еден вид есенцијална омега-3 масна киселина и имаат антиинфламаторни својства.
„Јадењето ореви го поддржува здравјето на неколку системи во вашето тело, вклучувајќи го кардиоваскуларниот, гастроинтестиналниот и ендокриниот систем. Оревите го промовираат здравјето на цревата и имаат антивоспалителни својства“, вели нефрологот д-р Чидози Одигве за „Парада“.
Експертот за дебелина, д-р Џени Стенфорд истакнува дека омега-3 масните киселини во оревите можат да го подобрат холестеролот, а антиоксидансите да го намалат оксидативниот стрес. Покрај тоа, додава дека оревите содржат влакна и придонесуваат за когнитивните функции.
Сепак, оревите можат да бидат опасни за одредена популација – онаа која вклучува околу еден од седум возрасни.
Станува збор за луѓе со бубрежни заболувања.
Знаци на бубрежна болест вклучуваат често мокрење, сува кожа, крвава или пена урина, мускулни грчеви и отечени нозе.
Доколку ги забележиме овие знаци, важно е што поскоро да се консултирате со лекар. Може да направите тест на крвта и урината, што е единствениот начин да знаеме дали имаме бубрежна болест, вели д-р Одигве.
Хранливите материи во оревите можат да бидат токсични доколку се консумираат во големи количини.
Д-р Одигве сака да објасни дека не сите пациенти со бубрежна болест треба да избегнуваат или да ги ограничат јаткастите плодови.
„Само пациентите со напредната хронична бубрежна болест (CKD), како и пациентите на дијализа, ќе треба да се фокусираат на ограничување, ако не и целосно избегнување на потрошувачката на ореви“, рече тој.
Оревите содржат две хранливи материи кои можат да бидат токсични доколку се консумираат во големи количини: фосфор и калиум.
Дури и да не се консумираат во големи количини, бубрезите на заболените од CKD не можат добро да обработат калиум и фосфор, што е проблем, пренесува Index.hr.
„Клучната работа е што бубрезите помагаат да се контролираат нивоата на фосфор и калиум. Сепак, пациентите со напредната хронична бубрежна болест, за жал, го немаат тој луксуз, па се изложени на висок ризик од претерано високи нивоа на овие два елементи“, објасни д-р Одигве.
Но, тоа е само една од грижите.
„Оревите, како и бадемите, исто така содржат оксалати, кои можат да предизвикаат камења во бубрезите доколку се јадат во големи количини. „Пациентите со хронична бубрежна болест треба да внимаваат на исхраната за да се справат со болеста“, забележува д-р Стенфорд.
Сепак, освен оваа специфична група на луѓе, оревите се паметна закуска или додаток во салата. Д-р Одигве ги препорачува на сите други бидејќи придобивките од оревите се огромни.