27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Genesis Sedan ќе биде понуден и во Европа

Hyundai Genesis Sedan ќе биде понуден и во Европа

testtt

„Hyundai“ има во план втората генерација од лимузината „Genesis“, која пристигнува во 2014-та година, да им ја понуди и на купувачите на европскиот пазар.

Како што е веќе познато, првата генерација на овој модел кој се појави на пазарот во 2008-та година го заобиколи „стариот континент“. Меѓутоа, изгледа дека овој пат корејскиот произовидтел е подготвен да се вклучи во битката за купувачите и на пребирливите пазари.

„Hyundai“ има намера да заигра на картата „повеќе луксуз за помалку пари“ и веруваат дека новиот „Genesis Sedan“ тоа може да им го понуди на купувачите. Покрај тоа, еден ваков автомобил би требало да го подигне рејтингот и угледот на брендот и да го доближи до премиум класата.

testtt1

Иако врз основа на првите компјутерски илустрации на новиот модел, може да се заклучи дека дизајнот не е премногу оргинален, но станува збор за автомобил кој има префинети и елегантни линии.

Што се однесува до погонските агрегати, во понудата ќе се најдат 3.8 литарски V6 и 5.0 литарски V8 мотори. Се очекува дека овие мотори ќе бидат подобри и поекономични, а неизвесно е дали „Hyundai“ ќе го понуди и новиот 3.3 литарски „turbo“ V6 мотор кој беше претставен на концептот на „Kiа“ – „GT“ во 2011-та година.

Новиот „Hyundai Genesis Sedan“ би требало најпрво да се појави на корејскиот пазар до крајот на 2013-та година, а додека во Европа ова возило ќе може да се очекува во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП