30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрестанете да доцните

Престанете да доцните

dontbelate1

Никој не сака да доцни. Но за некој тоа е редовна, додека за други повремена појава. Без оглед на причината, според сите истражувања, доцнењето е една од најиритантните навики. Може да влијае на нас како поединци, вработени, луѓе кои бараат работа или пак пријатели, и често предизвикува непотребен стрес.

Препознајте ги “крадците на времето”

Секој тренинг за управување со времето започнува со идентификување на Вашите крадци на времето. Оние работи кои ви го одвлекуваат вниманието или Ве оттргнуваат од она што треба да го направите. За некои тоа би било проверка на мејловите, за други допишување по друштвените мрежи, а за трети пак, паузата за кафе. Понекогаш тешко е да се признае што е она што ни го одвлекува вниманието, затоа што може да се работи за активности во кои уживаме. Но мора да бидете остри кон себеси и да разберете дека токму тие крадци на времето, Ви одземаат драгоцено време кое може да го искористите за работа на други важни работи.

Колку трае вашето подготвување?

Било да се работи за излегување од домот наутро, подготовка за важен состанок или интервју за работа, големи се шансите многу од Вас да го потценат времето кое Ви е потребно да се подготвите. Морате да го мерите времето и да видите колку трае Вашата утринска рутина, пред одење на работа. Можеби би било подобро доручекот и облеката што планирате да ја носите, да ги подготвите претходната вечер. Ако пак се работи за доцнење на состанок, потрагата за важни документи во последните минути ќе ви одземат драгоцено време, а и нерви.

Научете да ги одбиете луѓето

Колку пати се подготвувате нешто да направите или некаде да тргнете и тогаш некој да Ве застане и замоли за помош нешто да довршите. Многу често! Тоа може да биде член од семејството, пријател, колега или пак шеф. Вие се чувствувате лошо ако им кажете дека не можете да им излезете во пресрет, иако заради тоа ќе закасните. Затоа научете да одбивате да завршите туѓа работа.

Немојте да се плашите од подранување.

Понекогаш не сакате да подраните, па тогаш се обидувате да ги испланирате работите до секунда, но тоа никогаш не излегува како што сте планирале. Можеби се работи за разговор за работа и поради предвременото доаѓање, чекањето допoлнително ќе Ве вознемири? Или не сакате да дојдете на железничка или автобуска станица порано за да не го чекате Вие автобусот или возот?

Гледајќи долгорочно, подранувањето секогаш се исплати. Ние имаме навика да го потценуваме времето на нашето патување или подготвување и склони сме да си додаваме плус 10 минути.

Секогаш имајте со Вас нешто што ќе Ви помогне времето брзо да Ви помине (книга, списание) и ако е тоа нешто во кое што уживатe, ќе успеете да ја спречите напнатоста предизвикана од чекањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП