19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСредбите во NBA ќе бидат пред полупразни сали

Средбите во NBA ќе бидат пред полупразни сали

Dirk Nowitzki, Luis Scola

Во новата „NBA“ сезона, која започнува во вторник, барем на натпреварите на некои клубови ќе гледаме полупразни сали.

Пакет на карти за десет натпревари на „Detroit Pistons“ чинат само 76 долари, што е прифатливо дури и за наши услови.

Од друга страна, сличен пакет имаат и многу популарните „Brooklyn Nets“ кој чини десет пати повеќе (600 долари). Во текот на минатата сезона тимовите како што се „Detoroit“ и „Charlotte“ нудеа карти само за еден долар, се со цел да ги наполнат салите.

Кога е „NBA“ во прашање, цената на картите се формира според силината на тимовите кои играат одреден натпревар. Тимовите кои неможат да ја наполнат својата сала, многу лесно ги продаваат картите кога на гости ќе им дојде екипа со големи ѕвезди во ростерот.

„Pistons“, на пример, минатата сезона просечно имаа 14.782 навивачи на секој натпревар што е еднакво на 67 проценти од капацитетот на салата. Меѓутоа кога гостуваа „Miami“ и „Lakers“, најдобрите седишта чинеа и до 275 долари.

Вакви проблеми сигурно нема да има двократниот шампион „Miami“ кој плати 3.5 милиони долари за реновирање на „VIP“ ложата. Годишната карта за оваа ложа чини 61.252 долари, а што е најинтересно сите карти се распродадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП