17 септември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА ОПШТОПожар кај Евзони, затворен граничниот премин меѓу Северна Македонија и Грција

Пожар кај Евзони, затворен граничниот премин меѓу Северна Македонија и Грција

Пожар избувна во близина на граничниот премин Евзони во Грција, јавуваат грчките медиуми. Пожарот избувнал нешто после пладне на тревна површина. На гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила, јавува грчкиот сајт mikrometoxos.gr.

Од македонското МВР известуваат дека во моментов сообраќајот преку Граничниот премин е во прекин и се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот.

“Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран”, се вели во соопштението на МВР.  

Да потсетиме, Грција денеска и утре минува низ најтешките 48 часа топлотен бран, а во некои делови од земјата се очекува температурите да достигнат и до 43 Целзиусови степени. Властите се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција, пренесува Катимерини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП