МАКЕДОНИЈА

Лани Македонија извела стока вредна 8 милијарди, а Словенија 72 милијарди евра!

За тоа колку е далеку македонската економија од европската, бизнис заедницата подготви кратка анализа за извозната страна на земјава и се спореди со Словенија која е слична по територија со Македонија и георгавски блиска држава. Податоците се разочарувачки за нас. Во се се разликуваме, во бројот на држави каде извезуваме, во стоката која ја извезуваме, а за вредноста која ја достигнува извозот е баш жално да се говори.

Македонија извезува во 80 држави. А Словенија во 150 земји. Македонија има 3000 извозни компании, Словенија 8000 компании кои извезуваат од државата. Македонија има 447 извозни производи, а Словенија 1076 производи кои завршуваат на странските пазари. Тоа е огромна разлика, децидни се бизнисмените.

„Разликата во вредноста на извозот помеѓу Македонија и Словенија е речиси девет пати повисок. И тој сооднос континуиранои се одржува. Ако во 2000та година македонскиот извоз изнесувал една милијарда евра, во истата година извозот на Словенија надминувал девет милијарди евра. Денес, или заклучно 2025 година вредноста на нашиот износ изнесува осум милијарди евра, а извозот од Словенија е околу 72 милијарди евра. И тоа е драматична разлика.“

За бизнисмените од Стопанската комора уште позначаен податок од нивната анализа е тоа што покриеноста на увозот со извозот во Македонија е 70% а во Словенија 100,2 отсто. Тоа значи дека во Словенија повеќе се извезува од тоа што се увезува. Оваа бројка не е само статистика, туку огледало на конкурентноста. И заклучуваат дека не треба да се анализира само како и зошто расте, туку што всушност стои зад таа бројка. И на тој начин ќе се дојде до сознание каква е македонската економија.

На македонскиот извоз му е потребна диверзификација бидејќи во моментов од 70 до 80 проценти од извезената стока од држававае е наменета за Европската унија. Но дури 80 отсто од истата стока завршува во најразвиената европска држава, а тоа е Германија.

Според најновите информации македонскиот извоз во првите девет месеци од 2026 година бележи раст од 10,8 отсто во однос на истиот период претходната година. Вредност на извозот од јануари – јули годинава достигна околу 5,1 милијарди евра додека увозот во истиот период изнесуваше 7,2 милијарди евра, со покриеност на увозот со извоз од околу 71%.

Како главни двигатели или значителен придонес во растот имаат фабриките за автомобилски делови, машините и транспортните уреди, како и традиционалните сектори , текстил, вино, челични производи, електрични и метални производи и тутун. Освен кон Германија како главни трговски партнери на земјава се и Велика Британија, Кина, како и земјите од регионот на Западен Балкан Србија и Косово.

И.П