4 јули, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири идеални појадоци кои ќе внесат протеини во вашето тело

Четири идеални појадоци кои ќе внесат протеини во вашето тело

Комбинирањето на хранливи намирници кои добро делуваат на организмот, како овошје, зеленчук, овес, семки и слично, освен енергијата има и други предности.

Протеинот е важен за консумирање бидејќи е од клучно значење за одржување на различни телесни функции, вклучувајќи регенерација на мускулите, метаболизам и промовирање на ситост.

Подолу се дадени неколку добри опции за појадок со висок протеин што можете лесно да ги подготвите.

Омлет со зеленчук

Јајцата се омилен појадок на многу луѓе, а може да се подготват на различни начини, дури и како омлет со зеленчук. Подгответе протеински омлет со комбинирање на јајца со вашиот омилен зеленчук, како што се спанаќ, домати и пиперки.

За да обезбедите уште подобар вкус и да ја зголемите содржината на протеини, можете да додадете сирење.

Пудинг од чиа семе

Чиа семето се познати по нивните придобивки за губење на тежината, но тие исто така можат да го подобрат здравјето на срцето и да ги зајакнат коските, пренесува „Health Shots“.

За да подготвите пудинг од чиа семе, измешајте одредена количина семки со млеко и оставете преку ноќ да се формира кремаст пудинг.

За да бидете сигурни дека пудингот е вкусен, додадете бобинки и/или јаткасти плодови. Одредете ги пропорциите според вашите сопствени желби.

Тост со авокадо и јајце

Авокадото и јајцата се одлични опции за појадок, особено кога се комбинираат со тост. Можете да го исечете или изгмечите авокадото и да ги подготвите јајцата на кој било начин што сакате.

Овој појадок е богат со здрави масти, витамини и влакна и е една од најдобрите опции за појадок на листата, пренесува „Health Shots“.

Смути со какао од бадем

Смутито е уште една популарна опција за појадок и може да се подготви на различни начини. За оние кои не сакаат целосно зелени смути, можат да ја пробаат комбинацијата од бадеми и какао. За ова смути ќе ви треба бадемово млеко, какао во прав, топка протеин во прав и грст спанаќ. Од овие состојки можете да подготвите смути во зависност од вашата желба, а богат е со протеини и антиоксиданси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП