27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТемелен ветинг на судството ќе донесе искоренување на високата корупција и ќе...

Темелен ветинг на судството ќе донесе искоренување на високата корупција и ќе ја заживее економијата!

Експертите и аналитичарите повеќе немаат сомнеж дека новата влада ќе стави акцент на економските политики. Во првите 100 дена веќе има најави и за нови странски инвестиции, но се прават и плановите за ребаланс на буџетот се со цел да се даде јасна слика во која насока ќе се движи македонската економија. Експертите и порачуваат на новата власт дека во исто време со градењето на здрава економија, потребно е темелно реформирање на правосудниот систем, со образложение дека тоа е најголемиот проблем на македонското општество.

Без владеење на правото само ќе се зборува за празни флоскули и залудно ќе се вртиме во барабанот ако не се направи итна реформа во правосудниот систем, вели економскиот аналитичар Синиша Пекевски.

Корупцијата, а со неа и недовербата во институциите кои се под секторот правда не дозволуваат во Македонија да има поволна бизнис клима, дополнитлелно вели тој, мора да се направи ветинг на сите функционери кои се од областа на судството да се провери нивното богатство, нивниот имот стекнат низ годините и доколку се утврди дека нешто спечалиле на нефер начин, се знае која треба да биде казната.

„Да се направи длабинска анализа како ги заработиле тие пари, и судии и обвинители и сите оние кои се вклучени во државниот судски систем. До тогаш ние може само да си играме со расчистување на Судски совет или Совет на јавник обвинители, но ако не направиме длабинска реформа до основата на судскиот систем се ни е џабе. Тоа ќе биде само козметика“, вели економскиот консултант Синиша Пекевски.

За да биде владата партнер на стопанството треба да ги остави компаниите да работат на пазарна основа, смета Пекевски. Само тогаш и под такви околности ќе може да се разговара за вистински развој на економијата, дотогаш тешко. Пекевски е на став дека се додека има тајни субвенции од државата, додека има привилегирани индустрии и индустрии кои не се битни, додека постојат привилегирани компании и фирми кои не се блиски до одредени структури на власта, и се додека се даваат пари од државната каса, а не се гледа резултатот од тие пари, до тогаш залудно разговараме за економија.

„Македонската економија треба да се насочи кон стартап компаниите. Потребно е да се овозможи младите луѓе да создадат компании и услуги кои ќе може глобално да ги извезуваат. Како пример ќе го дадам Фондот за иновации, но во негативна смисла. Тој беше Фонд за крадење и поддршка за разноразни бизнис идеи кои апсолутно немаа никаква бизнис основа или позитивен импакт врз македонскатга економија. Проблемот тука го гледам во тоа што, кога доделуваш политичка функција во таква институција не може да се очекува да има некаков успех. Фокусот мора да биде пробивање на глобалниот пазар со проекти и идеи кои ќе носат инвестиции, ќе носат средства во Македонија, но ќе привлекува и млади луѓе“, додава Пекевски.

Очекувањата на јавноста се големи, ветувањата на идната власт уште по големи, сега останува да се даде простор и да се види дали ќе се реализира најавеното. Граѓаните бараат подобар и подостоинствен живот. Дали ветувањата ќе бидат реалност ќе може да се види за брзо време. А одговорот на ова прашање, јавноста ќе го одговори на следните локални избори кои се за нешто повеќе од една година.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП