3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесени 402 барања на осмиот јавен повик за средства од ИПАРД

Поднесени 402 барања на осмиот јавен повик за средства од ИПАРД

IPARD

Вкупно 402 барања се поднесени на осмиот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД програмата, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

За мерката 101 (Инвестиции во земјоделски стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ), поднесени се 335 барања. За мерката 103 (Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ) има 14 барања, а за мерката 302 (Диверзификација и развој на руралните економски активности) 53 барања.

Вкупната вредност на инвестициите за кои се поднесени барања изнесува околу 19 милиони евра, а вкупната сума за кофинансирање околу 10 милиони евра.

Најмногу проекти се за набавка на трактори – 188, со вкупна вредност на инвестиции над 3 милиони евра.

Со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на средства од Програмата ИПАРД 2007-2013, наместо до 22 август, јавниот повик беше пролонгиран до 30 септември 2013 година.

Ова е прв јавен повик објавен по модификациите на ИПАРД програмата кои значително го зголемија интересот на македонските компании за нејзино користење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП