19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапе лебот, што е следно?

Поскапе лебот, што е следно?

Зголемувањето на цената на лебот го отвора прашањето, дали се подготвува нов бран на поскапување и на останатите основни прехранбени производи. Од мелничко пекарската индустрија дадоа образложение дека за нешто над 10 отсто поскапе лебот поради тоа што има зголемување на цената на суровините на берзите, односно поскапеле пчениоцата, а со тоа и брашното. Експертите сметаат дека можно е и останатите локални фактори кои придонесуваат компаниите од овој сектор да донесат таква одлука. Тука ја наведуваат зголемената минимална плата и останатите трошоци за работниците.

Економистот Абил Бауш смета дека инфлацијата и растот на цените на суровините како пченицата и брашното, на глобално ниво влијаат на трошоците за производство на леб. Второ, енергетските цени, кои се важен дел од процесот на производство и транспорт, се зголемуваат, што дополнително ги зголемува трошоците за компаниите. Дополнително, вели тој постојат и локални фактори како зголемување на минималната плата и други трошоци за труд.

Бауш смета дека во моментов, цената на лебот е под влијание на неколку економски фактори.

„Производителите на леб се соочуваат со зголемени трошоци за суровини, но и со стабилност во цените на енергенсите. Оваа стабилност на цените на енергенсите може да даде привремен простор за задржување на цените на лебот на исто ниво. Меѓутоа, долгорочно, ако инфлацијата продолжи да расте и ако глобалните цени на пченицата и брашното продолжат да се зголемуваат, производителите ќе бидат принудени да ги покачат цените на своите производи“, вели Абил Бауш.

Ставот на Бауш е дека без зголемување на цените на енергенсите, производителите може да имаат малку простор да ги одложат покачувањата на цените на лебот. Сепак, со оглед на постојаното зголемување на трошоците за суровини и труд, веројатно е дека покачувањето на цените е неизбежно во блиска иднина. Доколку цените на суровините продолжат да растат, а цените на енергенсите останат стабилни, производителите ќе бидат принудени да ги покачат цените на лебот за да ги покријат зголемените трошоци. Во спротивно Бауш вели дека ќе се соочат со намалена профитабилност и потенцијални финансиски проблеми.

„Во овој период, потребно е внимателно следење на економските трендови и навремено прилагодување на цените за да се одржи балансот меѓу трошоците за производство и куповната моќ на граѓаните. Овој тренд на покачување на цените може дополнително да влијае на нивното економско однесување и куповна моќ. На пример, зголемувањето на цените на месото и млечните производи, како резултат на зголемени трошоци за храна за добиток и други производствени трошоци, ги принудува граѓаните да го променат својот начин на потрошувачка и да бараат поевтини алтернативи. Истото важи и за свежото овошје и зеленчук, каде што зголемените транспортни трошоци и недостатокот на работна сила можат да доведат до зголемување на цените“, додава Бауш.

Следно што треба да направи идната влада е да превземе соодветни мерки за стабилизирање на цените или за намалување на трошоците за производство на основните прехранбени производи. Тоа ќе ги намали ризиците граѓаните да се соочуваат со раст на цените и во иднина. Дополнително, локалните економски политики како даночните промени и субвенциите за одредени производи можат да имаат значително влијание врз цените.

„Институциите на системот треба да преземат неколку клучни мерки за да се справат со растот на цените и да ги заштитат граѓаните од економскиот притисок. Прво, потребен е засилен мониторинг и регулација на цените на основните производи и енергетските ресурси. Регулаторните тела треба да бидат проактивни во следење на цените и да спречат злоупотреби од страна на компаниите, особено во услови на пазарна нестабилност. Ова вклучува редовни проверки на трговците и производителите, како и спроведување на казнени мерки за оние кои ги зголемуваат цените неосновано. Покрај тоа, потребно е да се воведат субвенции и други форми на поддршка за домашните производители, со цел да се намалат трошоците за производство и да се стабилизираат цените. Ова може да вклучува субвенции за енергија, даночни олеснувања или директна финансиска помош за малите и средни претпријатија“, вели економистот Абил Бауш.

Ризикот од новиот бран на поскапувања на храната доаѓа во време кога во најава е зголемување на цената на електричната енергија. Колкаво ќе биде тоа зголемување и колку новата повисока цена ќе влијае врз работата на малите и средни претпријатија ќе се знае најдоцна за две недели.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП