29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартува сериското производство на MX-5 GT

Стартува сериското производство на MX-5 GT

mazda joto

Од „Mazdа“ стигна веста дека концептот „MX-5 GT“ кој беше претставен во 2012-та година, добил зелено светло за сериско производство.

Откако „Mazda MX-5 GT Concept“ беше прикажан на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“ во Велка Британија во летото 2012-та, многу љубители на овој автомобил го посакуваа производствениот модел.

Една година подоцна, „Mazda“ ќе им ја исполни желбата. Меѓутоа, за жал на многумина, овој автомобил ќе се произведува само за британскиот пазар во соработка со партнерската куќа на „Mazdа“, „Jota Sports“. Веруваме дека заинтересирани купувачи за еден вака забавен автомобил со 2.0 литарски мотор со 206ks би имало и надвор од Велика Британија, без оглед на релативно високата цена од 29.995 фунти (35.200 евра).

„Mazda MX-5 GT“ е заснована на моделот „MX-5 Roadster Coupe“ 2.0 со 161 ks, кој е засилен за 45 „коња“. Поголемата моќност придонесе за подобри перформанси, па „GT“ верзијата е во состојба од место до „стотка“ да стигне за 6.4 секунди, а додека максималната брзина од безбедносни причини е ограничена на 225 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП