25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШумахер го советува Фетел да премине во Ферари

Шумахер го советува Фетел да премине во Ферари

sumifetel

Рекордерот со 7 светски титули во Формула 1, Михаел Шумахер, го советува својот сонародник Себастијан Фетел еден ден да се пресели од редовите на Ред Бул во Ферари.

Според 44 -годишната легенда само така Фетел би можел да им докаже на своите критичари, дека навистина е добар пилот, кој може да освои титули и со друг тим, а не само поради брзиот болид на Ред Бул.

„Кога човек успева да победува на трки и шампионати со тим, е нешто неверојатно. Тоа сигурно би променило за него во една или друга ситуација. Дали сепак ќе забележи успеси со Ферари е сосема друга приказна“, изјави Шумахер за „Билд“.

Фетел може да дојде до својата четврта титула во Формула 1 веќе овој викенд во ГН на Индија. Германецот треба да заврши барем петти, за да ја задржи предноста пред Алонсо и да триумфира на три трки пред крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП