3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti даде зелено светло за Esѕensе

Infiniti даде зелено светло за Esѕensе

infiniti-essence

Јапонскиот производител на луксузни возила „Infiniti“ има во план да стартува со сериското производство на моделот „Esѕensе“, како и на уште едно спортско возило.

Двата нови модели се дел од амбициозниот план за зголемување на продажбата. „Infiniti“ планира во следните 10 години да ја зголеми годишната продажба на околу 150.000 возила, за што ќе инвестира 10 милијарди долари.

Серискиот „Esѕensе“ ќе биде ист како концептот, но со дополнителен простор во задниот дел. Голем дел од дизајнот ќе биде задржан од самиот концепт, а се очекува автомобилто да се базира на популарната „МFА“ платформа на „Мерrcedes“. Станува збор за уште една соработка меѓу „Renault-Nissan“ и „Daimler“, а се очекува истото да важи и за моторите што ќе се најдат во понудата. Моделот на пазарот се очекува да стигне до 2017/2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП