4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали сте за диетален шејк богат со протеини и растителни влакна за...

Дали сте за диетален шејк богат со протеини и растителни влакна за доручек?

Доручекот е несомнено најважниот оброк! Тоа сите го знаеме, но и покрај тоа многу често правиме лоши избори и како последица на тоа ја покачуваме тежината.

Ни се случува во недостаток на дисциплина, време, ограничена понуда или неинформираност најголем број луѓе стихијно да се одлучат за гевреќ, бурек, лиснато тесто и други пецива, некакви ладни сендвичи или пак мусли и цералии…тука е и кафето во кое исто така ставаме шеќери, сите преполни со јаглехидрати и додадени шеќери што ќе не заситат на почеток, но за кратко време гладта се враќа како бумеранг, па многу брзо посегнуваме по грицки меѓу оброците. Таквиот начин на исхрана е една од главните причини за покачување на тежината кај луѓето.

Кои се здравите опции? Која е улогата на протеините и на растителните влакна во регулацијата на гладта и ситоста?

Трргнувајќи од констатацијата за важноста на појадокот, и колку е тој важен за регулирање на тежината, истовремено анализирајќи ги и навиките на луѓето на овие простори, Натура Терапи го формулираше ДИЕТ ШЕЈК нутритивен оброк кој се спрема за една минута, и претставува одличен избор за доручек, кој дава енергија и прави долго време да бидеме сити.

„Секое утро треба да му обезбедите на телото доволно протеини, како и доволна количина на витамини и минерали посебно. Диеталниот шејк се издвојува токму поради неговите внимателно избрани состојки, од кои секоја придонесува за неговата хранлива вредност. Примарната состојка е концентрат од протеин од сурутка, кој ги содржи сите есенцијални амино киселини неопходни за функционирање на телото, во комбинација со овесни трици и глукоманнан, и претставува одлична опција за хранлив доручек. Диеталните влакна (кои ги има во овесните трици и глукоманнан) даваат ситост, го исполнуваат стомакот, ја успоруваат дигестијата и ја намалуваат апсорпцијата на масти и шеќери. За глукоманнан и Европската Агенција за безбедност на храна потврдува дека помага во слабеењето” смета Сашко Дрвошански, нутриционист, Менаџер за истражување, развој и едукација во Натура Терапи.

Преполн со есенцијални хранливи материи, вклучувајќи протеини, диетални влакна и микронутриенти, Diet Shake со своите само 200 калории нуди практично и вкусно решение за поддршка на здрав метаболизам (во споредба со стандарден оброк кој носи 500-700 калории). Помага да се намали внесот на калории и да се одржи здрава тежина. За одржување оптимална тежина, се препорачува замена на еден обичен оброк со производот и консумирање два хранливи здрави оброци по избор.

Подготовката на диетален шејк е брза и лесна, доволно е да се измешаат 55 грама со 250 ml топло или ладно млеко (по можност 1,5% маснотии) или вода. Диет шејкот е најдобро да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана и како компонента на здрав и активен животен стил. За регулација на тежината, се препорачува да се заменат два обични оброци дневно со овој продукт.

Една од клучните карактеристики е неговата импресивна мешавина на витамини и минерали. Ова вклучува витамин Ц, магнезиум, витамин Е, витамин Б3, витамин Б5, витамин Б6, витамин Б2, витамин Б1, железо, витамин А, витамин Б9, витамин Б7, витамин Б12, селен, витамин Д и хром. Овие микронутриенти играат клучна улога во одржување на здрав метаболизам, обезбедување енергија и поддршка на напорите за управување со тежината.

Диеталниот шејк не е само практично решение за оние кои се во движење, туку има и одличен вкус што го прави пријатен за конзумирање. Може да се избере диетален шејк со вкус на јагода, ванила или од чоколадо.

Кога правиме добри избори во исхраната речиси е загарантиран успехот, особено кога се работи за управување со тежината!
Нарачајте на 02 512 88 88

ПР Текст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП