24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПилатес за зајакнување на телото и духот

Пилатес за зајакнување на телото и духот

pilates1

Пилатес е фитнес систем, создаден од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тите години во Германија. Тој претставува серија од контролирани движења, кои се изведуваат или на специјални справи (реформатор) или на подот. Методата Пилатес се фокусира врз подобрување на флексибилноста, силата и сознанието за вашето тело, без непотребно трупање на маса.

Една од најголемите предности е дека може да се примени на широк дијапазон на луѓе. Атлетите и танчерите го обожаваат, но и возрасните луѓе подеднакво. Родилките со помош на пилатес успеваат да си ја вратат првобитната линија, како и луѓето во различни етапи на физичка рехабилитација.

За време на една сесија пилатес, треба постојано да се концентрирате длабоко на вашите централни мускули (стомакот, долниот дел на грбот, колковите, задникот и бутовите), на контракциите на мускулите, на дишењето и на квалитетот (а не квантитетот) на вашите движења.

Целта е да се координираат умот, телото и духот, нешто што Џ. Пилатес го нарекувал „контрологија“.

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПИЛАТЕС?

Практикувањето на пилатес носи многу ползи. Некои од нив се следните:

– ги зајакнува и тонира мускулите, без да се оформува непотребна мускулна маса;

– ја подигнува свеста за вашето тело;

– го подобрува држењето на телото;

– го зајакнува ‘рбетот и го прави пофлексибилен;

– ја подобрува циркулацијата;

– ги олеснува болките во грбот;

– ја подобрува рамнотежата;

– добивате поголема контрола над дишењето;

– го намалува стресот, напрегнатоста и ви дава енергија;

– ве учи како да ги координирате телото, умот и духот;

– го подобрува вашиот изглед и ви ја зголемува самодовербата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП