2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Со неиздавање фискални 60 фирми ги загрозиле правата на потрошувачите

УЈП: Со неиздавање фискални 60 фирми ги загрозиле правата на потрошувачите

ujp

Во последните контроли на Управата за јавни приходи е утврдено дека 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци, со неиздавање фискални сметки им ги ускратиле правата на граѓананите кои купувале во нивните деловни објекти.

Од Управата денеска преку соопштение порачаа локални моќници и вработени во УЈП да не ставаат под заштита одредени бизниси.

Даночните контролори од Гевгелија, според соопштението, затвориле два угостителски објекта во сопственост на семејство на даночен инспектор од Битола.

Токму мобилноста и делување на даночниците надвор од месноста каде живеат овозможува и бјективно делување на инспекциските служби на УЈП, мерка која изминатите години се покажа ефикасна посебно кога станува збор за обиди на локални моќници и вработени во УЈП да ставаат под заштита одредени бизниси, вклучувајќи ги и бизнисите раководени од членовите на нивното потесно семејството, се вели во соопштението.

Од профилот на објектите со неправилностите (кафе барови, пицерии, колонијали, салони за мебел…), уште еднаш се потврдуваат анализите на Управата за јавни приходи дека услужната дејност е една од најризичните, а трговијата со мебел станува ризична категорија од даночен аспект, која во последно време е во подем.

– Секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање. Неиздавањето фискална сметка, подразбира и дека граѓанинот нема потврда оти купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права – за враќање или рекламација на купеното, укажува УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП