2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете го ризикот од рак со оваа ужинка јадејќи ја неколку пати...

Намалете го ризикот од рак со оваа ужинка јадејќи ја неколку пати на ден

Ужината е одличен начин да го нахраните телото помеѓу поголемите оброци.

Всушност, грицките може дури и да помогнат да се намали ризикот од рак. Американскиот институт за истражување на ракот и Светскиот фонд за истражување на ракот проценуваат дека помеѓу 30 и 40 проценти од сите видови на рак може да се спречат со диета и вежбање. Значи, многу зависи од тоа по што посегнуваме кога сме гладни.

За среќа, онкологот д-р Лори А. Алфонс ја откри нејзината омилена закуска која ја задоволува желбата и може дури и да го намали ризикот од рак.

Кога доктор Алфонс сака попладневна ужина, посегнува по грст мешани јаткасти плодови. Нејзини омилени се бадемите, индиските ореви и ф’стаците.

„Оваа закуска е одличен извор на протеини и го зголемува нивото на енергија за време на попладневниот замор“, изјави таа.

Според една студија од 2023-та година, јадењето 28 грама јаткасти плодови дневно (околу една шака) било поврзано со 21 процент намалување на смртноста од рак. Тоа е затоа што јаткастите плодови се добар извор на биоактивни соединенија кои помагаат да се намали воспалението и да се спречи формирање или размножување на клетките на ракот.

Јаткастите плодови се добар извор на протеини, растителни влакна, витамин Е и фолна киселина, сите хранливи состојки кои играат улога во превенцијата од рак.

Кога купуваме јаткасти плодови во продавница, д-р Алфонс нѐ советува да ги избереме оние без додадена сол или шеќер. Ако сакаме да додадеме малку вкус на нашите јаткасти плодови, можеме да ги посипиме со различни зачини како рузмарин, мајчина душица или куркума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП