30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој вид на храна е поврзанa со депресија кај жените

Овој вид на храна е поврзанa со депресија кај жените

Конзумирањето на големи количини индустриски обработена храна и пијалоци, особено ако овие намирници се вештачки засладени, може да биде поврзано со развој на депресија.

Ова го покажа новото истражување за жените. Имено, оваа студија укажува на директна врска помеѓу потрошувачката на високо преработена храна и депресијата, што може да доведе до дури 50% поголем ризик за лицата кои консумираат девет или повеќе порции од таква храна дневно во споредба со оние кои консумираат четири или помалку, рече Гунтер Кунле, професор по наука за храна и исхрана на Универзитетот во Ридинг во Велика Британија, кој не беше вклучен во истражувањето.

Високо преработената храна вклучува готови супи, сосови, замрзнати пици, готови оброци и храна како виршли, колбаси, помфрит, газирани сокови, колачи купени во продавница, бонбони, сладолед и други производи кои содржат вештачки адитиви.

„Нашата студија се фокусираше на анализа на врската помеѓу исхраната и зголемениот ризик за нова епизода на депресија“, велат коавторите на студијата, д-р Ендрју Т. Чан и Даниел К. Подолски, професори по медицина на Медицинскиот факултет на Харвард.

Тие додадоа дека постои можност високо преработената храна дополнително да ја влоши состојбата на поединците кои веќе страдаат од хронична депресија.

„Гледајќи конкретно на одредена високо преработена храна, исто така позната како „UPF“, само производите што содржат вештачки засладувачи биле поврзани со зголемен ризик од депресија кај учесниците“, истакна Кунле.

„Тоа откритие е интересно бидејќи сугерира дека врската помеѓу потрошувачката на „UPF“ и депресијата е поттикната од еден специфичен фактор – вештачките засладувачи“, додаде тој.

Што се однесува до тоа зошто таквата храна би била поврзана со депресијата, Чан укажа на познатата врска помеѓу високо преработената храна и хроничното воспаление, за кое се смета дека е основната причина за многу хронични болести.

Воспалението е поврзано со голем број сериозни здравствени состојби како колоректален карцином и кардиоваскуларни болести, што е поддржано од бројни студии.

Покрај тоа, студиите покажаа врска помеѓу високо преработената храна, како што се диеталните газирани сокови и вештачките засладувачи, и депресијата. Се споменува и поврзаноста со когнитивниот пад и нарушувањата на цревниот микробиом, што дополнително укажува на сложеноста на влијанието на исхраната врз менталното здравје.

Студијата опфатила речиси 32.000 средовечни жени од Студијата за здравје на медицинските сестри II, но поради недостаток на машки учесници, резултатите не можат недвосмислено да се применат на општата популација.

Иако истражувањето не успеа да воспостави причинско-последична врска помеѓу потрошувачката на високо преработена храна и депресијата, важно е да се земат предвид други фактори на ризик како семејната историја на депресија и нивото на стрес за целосно да се разбере врската помеѓу исхраната и менталното здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП