3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker продаден на азиски инвеститори

Fisker продаден на азиски инвеститори

atlantik

На лицитацијата која се одржа во петокот на 18-ти октомври, Министерството за енергетика на САД одлучи „Fisker“ да го продаде на една азиска инвестициска група. Договорот за купување се уште не е доведен до крај, а двете страни преговараат за деталите на договорот.

„Fisker“, кој се најде пред банкрот, му должи на Министерството за енергетика 168 милиони долари (околу 123 милиони евра) врз основа на позајмицата која ја доби од државата за развој на „зелената“ технологија. Откако истече крајниот рок за враќање на заемот, а производителот на хибридни спортски автомобили неможеше да го врати долгот, Министерството побара нов инвеститор кој би вложил средства во „Fisker“ и повторно да започне со производство.

На лицитацијата според информациите на „Ројтерс“, победила „Pacific Century Group“, која ја предводи Ричард Ли, еден од синовите на најбогатиот човек во Азија, Ли Ка-Шинг. Почетната цена на лицитацијата била 30 милиони долари, а засега не е познато колква сума има понудено „Pacific Century Group“.

За купувањето на „Fisker“ биле заинтересирани уште три инвеститори, германскиот „Fritz Nols AG“ и кинескиот „Wanxiang“, како и некогашниот директор на „General Motors“, Боб Луц.

Судбината на компанијата и натаму е неизвесна, со оглед дека производството на моделот „Karma“ запре уште во 2012-та поради банкротот на производителот кој го снабдуваше „Fisker“ со литиум-јонските батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП