27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија сака да влезе во топ 5 производители на чипови во светот

Индија сака да влезе во топ 5 производители на чипови во светот

Индија сака да биде меѓу првите пет производители на чипови во следните пет години, објави министерот за електроника и информатичка технологија, железници и комуникации Ашвини Ваишнав, цитиран од „CNBC“.

„Индустријата за чипови „е многу сложен пазар и глобалните синџири на вредност и глобалните синџири на снабдување се исклучително сложени во сегашниот контекст. Сметаме дека ќе бидеме меѓу првите пет земји со чипови во светот во следните пет години“, коментира Ваишнав.

Заклучно со декември, Тајван имаше околу 46 отсто од светскиот капацитет за производство на полупроводници, а потоа следат Кина (26 отсто), Јужна Кореја (12 отсто), САД (6 отсто) и Јапонија (2 отсто), покажаа податоците од фирма за истражување на пазарот „TrendForce“.

Индија ќе има корист доколку повеќе компании се обидат да ја намалат зависноста од Кина, бидејќи тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг не покажуваат знаци дека наскоро ќе завршат.

Според министерот, Индија се гледа себеси како „доверлив партнер во синџирот на вредност“ за производителите на електронски уреди, индустриска и одбранбена електроника – „практично секој производител на електроника кој бара полупроводници да бидат дизајнирани и произведени“.

Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ отвори нов дизајнерски центар во Ченаи во понеделикот. Единицата ќе се фокусира на дизајнот на безжичната технологија и ќе создаде 1.600 работни места во земјата.

„Почнавме да инвестираме во Индија пред да стане популарна. Градиме присуство во Индија повеќе од една деценија. Многу од нашите чипови се дизајнирани во Индија, а ова присуство во земјата, исто така, создава можности за голем број индиски компании“, изјави извршниот директор на „Qualcomm“ за „CNBC“.

Премиерот Нарендра Моди инаугурираше три фабрики за полупроводници минатата недела. Една од нив е заедничко вложување помеѓу „Tata Electronics“ и тајванската „Powerchip Semiconductor Manufacturing Corp“. Претседателот на „PSMC“, Френк Хуанг, изјави за „Economic Times“ дека целта е да се постави првиот индиски полупроводник до 2026-та година.

„Чиповите произведени во Индија и направени во Индија ќе помогнат за силно и значително присуство на земјата во глобалните синџири на снабдување. Ова ќе ја направи Индија светски центар за чипови“, коментираше министерот Раџиев Чандрасехар.

Министерот Ваишнав не изгледаше вознемирен кога беше прашан за инвеститорите кои изразуваат загриженост дека Индија сè уште заостанува во производството на полупроводници и сè уште има многу работа да направи.

Тој предвиде дека глобалниот сектор на полупроводници ќе достигне 1 трилион долари во следните 7 години поради големиот фонд на таленти и фокусот на земјата на зголемување на нејзините производствени капацитети.

„За овој вид на раст ќе бидат потребни речиси 1 милион повеќе инженери за полупроводници. Каде е базенот на персонал? Каде е овој екосистем за да се справи со нешто толку сложено? Во Индија“, вели тој.

„Ова е дефинитивно вистинско време да се биде во индустријата за чипови и многу брзо ја заслуживме довербата на целата светска индустрија“, додаде министерот.

Под-добавувачот на „Apple“, „Foxconn“, во ноември објави дека планира да инвестира повеќе од 1,5 милијарди долари во Индија за да ги задоволи своите „оперативни потреби“.

„Глобално, сите компании гледаат на Индија како природна дестинација за следната инвестициска одлука“, рече Ваишнав, потврдувајќи ги неодамнешните извештаи дека владата разгледува предлози за производство на чипови во вкупна вредност од 21 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП