2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да препознаете опасна бенка: Самопрегледот може да ви го спаси животот

Како да препознаете опасна бенка: Самопрегледот може да ви го спаси животот

Речиси и да нема личност која нема барем една бенка на телото. Меѓутоа, овие „ситни“ точки можат да се променат и да се претворат во опасна болест, т.е. малигнен тумор.

Првото нешто што треба да направите е да го прегледате вашето тело за некакви атипични бенки.

За време на самоиспитувањето, задолжително обрнете внимание на:

Големина на бенката

Поголемите бенки обично се поопасни, особено оние со пречник над 6 мм. Должината можете да ја измерите со линијар, а ако имате издолжена бенка погледнете го подолгиот дијаметар.

Бојата на бенките

Секоја бенка има своја боја, но ако бенката е повеќебојна, тоа може да биде аларм за претпазливост, особено ако со голо око можете да ги видите следните бои на бенката: црна, темно-кафеава, светло-кафеава, сина-сива, црвена и бела.

Асиметрија на бенките

Се разбира, не секоја бенка е исклучително заоблена, правилна форма, но ако видите дека горната и долната половина на вашата бенка се сосема различни, како и страните, тоа не е добар знак.

Назабените рабови на бенката

Ако рабовите на бенката се чисти и прави, тогаш нема причина за грижа, но ако се назабени, неправилни и нерамни по боја, тогаш обрнете внимание.

Уникатноста на бенката

Бенките генерално или редовно се распоредени по телото или ги има малку повеќе на едно место, како да се групирани. Ако имате „осамена“ бенка, таа не личи на ниту една друга, ниту по боја, ниту по форма, а можеби стои сама на едно место, вреди да се обратите на лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП