3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачи, трговци, инспектори, тоа е ланецот на трката по поевтини производи, подобра...

Потрошувачи, трговци, инспектори, тоа е ланецот на трката по поевтини производи, подобра заработувачка, и несовесни газди

Граѓаните се повеќе се информираат и ги дознаваат своите потрошувачки права. Интернетот, социјалните мрежи, но и кампањите од невладиниот сектор и Организацијата на потрошувачите влијаат на подобрување на правата на граѓаните во делот на нивната потрошувачка.

Денеска 15-ти март е меѓународен ден на потрошувачите. Во Македонија може да се констатира дека има подигнување на свеста кај граѓаните, своите поплаки и жалби се повеќе ги доставуваат до организациите и инспекторатите, а на сила повеќе од една година е и Законот за правата на потрошувачите.

Последното законско решение кое треба да стави ред во трговијата на големо и мало, а со тоа да ги осигура граѓаните дека нема да плаќаат поскапо од реалното веќе е донесено од страна на пратениците. Но, на сила ќе биде за шест месеци односно од септември. Овој рок го добија трговците за да имаат доволно време да си ги променат меѓусебните договори во однос на маржите и рабатот кој го добиваат од продажбата на производите.

Од Организацијата на потрошувачи велат дека доколку граѓаните утврдат нефер трговски практики од страна на трговците веднаш да пријават кај нив или во Државниот пазарен инспекторат.

„Ние работиме на сите поплаки и жалби од страна на граѓаните, било тоа да се онлајн или телефонски кои се обратиле до Организацијата на потрошувачи. Потоа ние ги доставуваме до инспекторатот бидејќи ние немаме управна моќ да реагираме, да изрекуваме казни или санкции, или пак некакви забрани за работење. А пак инспекторатот може да реагира и да спречи уште поголе број на потрошувачи да бидат оштетени“, велат од Организацијата на работодавачи.

Од Државниот пазарен инспекторат пак велат дека редовно се на терен и веќе санкционирале трговци кои не ги почитувале договорите. Најавуваат дека и во периодот што следни активни ќе бидат инспекторите на терен и ќе се проверуваат цените како кај големите ланци на маркети, така и кај помалиите колонијали.

„Направени се над 6000 надзори и контроли и издадени се 208 платни налози кои што се на висина од над 34 милиони денари. Тоа е за целата териотрија на Македонија. За жал мораме да казнуваме за де се почитуваат мерките и одлуките бидејќи сами видовме во овој период дека одредени компании самите се обидоа на многу начини како да ги одложат мерките кои треба да се почитуваат“, велат од ДПИ.

Од министерството за економија кое е надлежно за секторот трговија, но и е на некој начин кое треба да биде заштитник на правата на потрошувачите велат дека доколку се утврди дека некој трговец свесно си игра со цените и се обидува да ги изманипулира и граѓаните и државните органи тогаш нема добро да си помине тој несовесен трговец.

„Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби“, велат од Министерството за економија.

Најголемата мака на гражаните во последниве две години е како да ја подобрат својата куповна моќ. Од друга страна надлежните утврдија дека на грбот на потрошувачите, дел од трговците се обидувале „преку ноќ“ да се збогатат.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП