5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапите реклами во светот

Најскапите реклами во светот

tv-shows

Традиционално луѓето мислат дека најскапите реклами се за време на „Супер Боул“. Всушност, оваа година реклама за време на натпреварот чинеше меѓу 3.8 и 4 милиони долари, но сепак „Супер Боул“ е еднаш во годината и тоа е еднократен трошок на компаниите.

Видете го рејтингот на најскапите рекламни спотови за ТВ програми и серии:

10. „The Blacklist“ – 198.667 долари за 30 секунди спот. Ова е криминална серија со висок рејтинг.

reklama 10

9. „Scandal“ – 200.970 долари за 30 секунди спот. Во моментов се емитува третата сезона на серијалот. Во главната улога е Кери Вашингтон.

reklama 9

8. „Two and a half Men“ – 204.176 за 30 секунди спот. Во 2011-та година Чарли Шин беше избркан од серијата и на негово место се појави Ештон Качер. Иако некои фанови се разочарани, серијата е се уште во топ 10 на сите престижни рангирања.

reklama 8

7. „Grey`s Anatomy“ – 206.075 за 30 секунди спот. Една од најуспешните серии на сите времиња. Во главната улога е Елен Помпеја.

reklama 7

6. „Family Guy“ – 223.145 за 30 секунди спот. Супер успешната анимирана серија веќе има 12 сезони.

reklama 6

5. „New Girl“ – 231.570 за 30 секунди спот. Се раскажува приказната на учителката Џес. Во главната улога е Зое Дешанел.

reklama 5

4. „The Simpsons“ – 256.963 за 30 секунди спот. Најомиленото ТВ семејство во последните 24 години во етерот. Има 25 сезони, видео игри, кино филм.

reklama 4

3. „Modern Family“ – 257.435 за 30 секунди спот. Комична серија во која глуми Ед О’Нил, а во моментов се прикажува петтата сезона.

reklama 3

2. „The Voice“ – 264.575 за 30 секунди спот. Сите во топ 10 се серијали со исклучок на ова кое е реално шоу. Ова е натпревар за пејачи, но жирито не ги гледа и ги оценува само нивните гласови. Во моментов во жирито се Кристина Агилера, Адам Левин и Шакира.

reklama 2

1. „The Big Beng Theory“ – 326.260 за 30 секунди спот. Веќе има 7 сезони.

reklama 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП