3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија има женско претприемништво, но треба да се работи на неговиот...

Во Македонија има женско претприемништво, но треба да се работи на неговиот развој

G

Во Македонија околу 30 проценти од деловните субјекти се во сопственост на жени. Иако оваа бројка соодветствува со ситуацијата во европските држави, потребно е да се продолжи со поттикнување ма женското претприемништво.

Ова беше истакнато на денешната трибина посветена на состојбите со женското
претприемништво во Македонија.

– Овие резултати упатуваат на потребата од креирање мерки за поттикнување на женското претприемништво во Република Македонија, особено во делот на зголемување на бројот на вработени во субјектите кои се во сопственост на жени, како и поттикнување на деловната активност на жените во руралните средини, истакна Имирали Бафтијари, раководител на Секторот за претприемништво и конкурентност на Министерството за труд и социјална политика.

Според него, присуството на македонската жена во деловните активности не е за занемарување доколку се земе предвид податокот дека во околу 50 проценти од субјектите евидентирани во трговскиот регистар, жената се јавува или како сопственик или како управител.

Валентина Дисоска од Здружението на бизнис жени посочи дека најважните фактори при одлучувањето да се отвори бизнис се почетниот капитал, поддршката од семејството и добрата бизнис идеја, а предностите се гледаат во можноста за повисоки примања и флексибилното работно време.

Конференцијата ја организираше Здружението на бизнис жени и Министерството за економија како дел од проектот „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во ЈИЕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП