28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдноставни решенија за губење на килограмите

Едноставни решенија за губење на килограмите

poiuy

Можеби сте се прашале дали е можно со мали измени во исхраната да се влијае на голема загуба на килограмите и како тоа ќе го измени вашиот живот. Според многу истражувања, измените во начинот на исхрана ќе ви помогнат не само да ги намалите килограмите, туку засекогаш да се ослободите од нив.

1. Контролирајте ја големината на оброкот – Внимавајте на големината на оброкот, така што ручекот и вечерата ќе ги јадете во чинија за салата. Кога јадете посно месо никогаш не јадете поголемо парче од дланката на вашата рака. За да направите промени за големо губење на килограмите морате полека да ги измените животните навики.

2. Придржувајте се на правилото 70/30 – Ова правило подразбира 70 отсто од оброкот да биде здрава храна, а 30 проценти апетисани. Еден ден во неделата можете и малку да си дадете оддишка, но не и да претерувате.

3. Со пешачење до здрава и витка фигура – Паркирајте се подалеку од трговскиот центар, качувајте се по скали и пешачете кога можете. Со пешачењето не само ги губите килограмите туку и го подобрувате здравјето, посебно срцето.

4. Направете распоред за вежбање – Вежбајте секој ден без изговор. На тој начин вежбањето ќе стане дел од вашиот живот, а не само фаза.

5. Не внесувајте лоша храна во домот – Во домомот не треба воопшто да се чува брза и нездрава храна, која ќе ве доведе во искушение да ја изедете. Доколку еднаш неделно имате желба за сладолед, излезете и купите една топка, наместо дома да изедете цела кутија.

6. Салата да ви биде главно јадење – Доколку салатата ви биде главно јадење ќе внесувате многу повеќе витамини, минерали и влакна. Ваквиот оброк ќе ви даде енергија и нема да внесете премногу калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП