11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХрватска дава најмногу пари за купување на електрични возила во регинот, Словенија...

Хрватска дава најмногу пари за купување на електрични возила во регинот, Словенија е веднаш зад нив

Електричните возила се повеќе се во фокусот на јавноста, а владите на земјите од регионот се обидуваат да пружат помош во вид на субвенции и со тоа да им олеснат на заинтересираните возачи да си дозволат еко-возило.

Владите во регионот се трудат да го решат проблемот со возниот парк, да го модернизираат и да помогнат да се заменат возилата со SUS мотори кои се поеколошки. Така значително би ја намалиле емисијата на штетни гасови.

Словенија и во 2024 година ќе продолжи со субвенции за набавка на електрични автомобили, а условите како и досега ќе бидат различни за фирмите и физичките лица, односно правните и физичките лица.

-Правните лица ќе можат да добијат субвенција само за нови, а физичките лица и половни електрични возила. Максималната вредност на возило што правните лица можат да го купат со субвенција е 65.000 евра. За физичките лица висината на субвенцијата зависи од вредноста на возилото (максимумот ќе биде 6.500 евра). За првпат се најавуваат и субвенции за електрични велосипеди, но и воведување даноци за сопствениците на електрични возила од 1 јуни годинава.

Хрватска уште во 2014 година воведе државни стимулации за набавка на еколошки возила, но минатата година во 2023 година, на изненадување на многумина, оваа субвенција изостана, со образложение на надлежниот „Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност“ дека се воведуваат нови прописи.

Хрватскиот автомобилски сојуз и медиумите неофицијално тврдат дека Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност наскоро ќе објави јавен повик за субвенционирање. Висината на стимулации, како што е наведено на веб-страницата на овој фонд ќе биде до 40 отсто од вредноста на возилото, во зависност од видот.

Во 2022 година износот на стимулацијата беше околу 10.000 евра за електрични и 5.000 евра за плаг-ин хибриди (тогаш вредноста се изразуваше во куни, а во меѓувреме беше воведено еврото).

Интересно е што во Хрватска многу јавни служби сами го финансираат купувањето исклучиво електрични возила, па така Хрватската пошта има околу 470 електрични возила и развива сопствена мрежа на станици за полнење. Се проценува дека лани Пошта Хрватска заштедила околу 240.000 евра само од разликата во цената на горивото, се вели во анализата на Здружението.

Во Црна Гора, освен што се стимулира купувањето на еколошки возила за физички и правни лица (5.000 евра електрични, 2.500 евра хибридни), неодамна е стимулирана и набавка на еколошки возила за јавниот сектор, со 7.500 евра за електрични и 4.000 евра за хибридни возила. Јавниот повик беше објавен на 8 декември минатата година и се уште трае.

Со електрификација се работи и во Босна и Херцеговина, а минатата година таму беа одобрени еден милион конвертибилни марки за набавка на еколошки возила – 500.000 за правни и 500.000 за физички лица.

За електричните возила износот на субвенциите изнесуваше 10.000 марки, за плагин хибридите 7.000 и за хибридите 5.000 марки. Практика се очекува да продолжи и годинава.

Македонија почна со ваков вид субвенции во 2017 година, 5.000 евра за електрични возила, но лани немаше средства во буџетот. Ќе видиме годинава дали ќе се одвојат средства за електрични и за хибридни возила.

Албанија до сега немала директни субвенции за набавка на еколошки возила, но увозот на електрични возила е ослободен од царина, ДДВ (17 проценти), не се плаќа патарина, има даночни олеснувања, бесплатен паркинг и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП