5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо статистичарите знаат каде се намалени цените на производите!

Само статистичарите знаат каде се намалени цените на производите!

Државните статистичари пресметале дека во јануари годинава во споредба со последниот месец од ланската година има намалување на трошоците на живот за 0,3 отсто. Последниот објавен извештај на Државниот завод за статистика покажува дека граѓаните имаат намалени трошоци за подмирување на сметките, поевтини биле обувките, одењето на културни настани, а се намалиле и трошоците за транспорт. Експертите предупредуваат да се внимава и да се носат мерки кои нема да направат нов ценовен шок.

Во јануари прехранбените производи не поскапеле, туку цените им останале на истото ниво како и во декември 2023 година. Ова е податок кој може да се види во извештајот на ДЗС. Речиси на исто ниво се и трошоците за здравствени услуги, образование, а нема промена ниту во угостителските услуги – во хотелите и рестораните.

Што се однесува на годишно ниво, тука состојбата е поинаква. Трошиците во јануари во однос на истиот месец лани се зголемени за 3,2 отсто. Најмногу се поскапени алкохолните пијалаци и тутунот, потоа следуваат мебелот и покуќнината, поскапени се и здравствените услуги но и дел од прехранбените производи.

„Намалувањето на инфлацијата во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.9 %, облека и обувки за 1.0 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.8 % и рекреација и култура за 0.7 %. Во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 1.3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, здравје за 0.5 % и храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.Трошоците на животот во групите: комуникации, образование и разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јануари 2024 година во однос на декември 2023 година изнесува 98.8“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Владините мерки според економистот Абил Бауш не ги дадоа во целост посакуваните мерки. Ваквите статистички податоци не треба да не радуваат пред време бидејќи граѓаните во реалноста не чувствуваат дека имаат зголемена куповна моќ. Според Бауш, мора вниматело да се постапува во ова комплексно време кога државата ќе започне да троши пари за предизборни цели. Доколку се излезе од контрола, што досега неколкупати тоа било пракса, тешко ќе може за брзо време да се заузда инфлацијата, додава економистот.

„Следната Влада која и да биде, ќе биде повторно соочена со проблемите како инфлацијата, бидејќи најавени се покачувања на платите во јавниот сектор и најавено трошење на средства кои може да направат проблем врз понудата која ќе води кон покачување на цените. Државата треба да штеди, за да не се подгрева инфлацијата. Но, се прави обраното, се наведува народот да штеди преку мерките на монетарната политика со подигање на каматните стапки“, изјави Абил Бауш.

Според октомвриските оцени, Народната банка очекува годишната инфлација во 2024 да се сведе на нивото од 3,5% до 4% и потоа ќе се стабилизира околу 2% на среден рок.

Стабилизирање на состојбата банкарите очекуваат од следната година кога инфлацијата би можела да падне и под два отсто.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП