2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCroatia Airlines на продажба

Croatia Airlines на продажба

croatia1

Владата на Хрватска донесе одлука за започнување на постапката за продажба на 49 проценти од акциите на авиокомпанија „Croatia Airlines“, која е во сопственост на државата.

„За да се обезбеди понатамошното работење на „Croatia Airlines“ неопходно е да се започне процедурата за пронаоѓање на стратешки партнер“, изјави ресорниот министер Синиша Хајдаш Дончич на седницата на Владата и нагласи дека парите од продажбата на акциите нема да одат во државниот буџет, туку во компанијата за нејзин понатамошен развој.

За продажбата ќе биде објавен јавен конкурс за потенцијалните инвеститори кои ќе имаат рок од 30 дена да ги изјаснат своите желби.

Со продажбата на 49 процентното учество во „Croatia Airlines“ државата ќе задржи 46,76 проценти од акциите, а заедо со Државната агенција за осигурување на депозитите и санација на банките и Аеродромот во Загреб има 50,25 проценти учество.

Се проценува дека целата постапка за продажба ќе трае десет месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП