3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоматите и сокот од домати ги убиваат смртоносните бактерии

Доматите и сокот од домати ги убиваат смртоносните бактерии

Според неодамна објавеното истражување, сокот од домати може да ја убие салмонелата и другите бактерии кои можат да бидат штетни за дигестивниот и уринарниот тракт.

Студијата е објавена во „Microbiology Spectrum“, списание на Американското здружение за микробиологија, а Џеонгмин Сонг, еден од учесниците во истражувањето, истакнува дека целта на истражувањето била да се открие способноста на доматите и сокот од домати да убиваат цревни патогени, вклучително и салмонела, со идентификување на антимикробните пептиди како клучен фактор.

Откако потврдија дека сокот од домати навистина ја елиминира салмонелата, истражувачите го анализираа геномот на доматот за да ги идентификуваат антимикробните пептиди.

Беа тестирани четири потенцијални антимикробни пептиди, а два беа ефикасни против „Салмонела Тифи“. Откритието е од клучно значење бидејќи овие два пептиди можат да ја оштетат бактериската мембрана, обезбедувајќи природна одбрана од патогени.

Истражувачкиот тим, исто така, спроведе тестови на вообичаени соеви на салмонела, проучувајќи како функционираат антимикробните пептиди. Заклучокот од студијата укажува дека сокот од домати не само што е ефикасен во елиминирање на „Салмонела Тифи“, туку и други бактерии кои можат да го загрозат здравјето на дигестивниот и уринарниот тракт.

Тие се надеваат дека резултатите од ова истражување ќе ја поттикнат пошироката јавност, особено децата и тинејџерите, да консумираат повеќе домати, како и други овошја и зеленчуци, кои ќе им обезбедат природни антибактериски придобивки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП